По добрите настапи во првиот дел од сезоната екипата на Гостивар доведе големо засилување за пролетниот дел во кој имаат големи амбиции. Имено, ново име во нападот на Гостивар е Ли Ервинг, напаѓач кој има 30 години и кој своевремено го носеше дресот на Лидс јунајтед. Последниот ангажман за Ервинг беше во фински Хелсинки, а во кариерата играл уште за клубови од Либан и Иран. На „Трансфермаркт“ неговата вредност изнесува 700.000 евра.