По повод Националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата на Кралството
Холандија и „Гоу грин“ Скопје ја организираат втората портокалова велосипедска тура во
петок, 25ти април со почеток во 16:00 часот на платото пред „Ист гејт мол“.
Во рамки на Деновите на Холандија кои се одржуваат од петок до недела во „Ист гејт мол“ ќе
има и натпревар за најдобро декориран велосипед и игра на потрага како и холандски базар
на кој ќе се претстават повеќе холандски компании.