Според Мицкоски, градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов без никаква одговорност, покажал доблест и поднел оставка од функцијата.
„Градоначалникот без никаква одговорност е доблесен и поднесе денеска оставка бидејќи ништо не зависи, во овој случај, од него“, вели Мицкоски. Папазов кој вчера цел ден не излезе на прес-конференција да изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените во пожарот, денеска преку статус на Фејсбук поднесе неотповиклива оставка.