Ако имавме држава Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум, истакна денеска во дебата на ТВ24 градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. – Мојата одлука се засноваше единствено врз заштита на граѓаните. Во една таква ситуација како прв човек на општината, кога гледате дека системот и државните институции не функционираат неопходно и неминовно беше да застанам во одбрана на моите сограѓани. Она што го видовме како известување од ДИЖС, во едно штуро соопштение во кое беше објаснето дека хаваријата е од технолошки води, без притоа да го потврдат со соодветни анализи и лаборатории, сметаме дека Државниот инспекторат е застанат директно во одбрана на приватната компанија. Очигледно имаат затајување во целата потапка, не се земени предвид сите инспекциски методи, во една таква ситуација и правното лице директно излезе во одбрана и заштита на рудникот „Булмак 2016“. Поразително е за сите нас кои довербата ја црпиме од граѓаните да бидеме во функција на заштита на нечиј приватен или бизнис интерес.
Јас бев обвинет, кога го повикав Државниот инспекторат да си ја работи работата, дека се имам ставено во функција на државен инспектор, извинете ама јас се ставив во функција само на заштита на граѓаните кои ми ја дале граѓаните. Не само пратеникот, следеше и изјава од координаторот на советничката група од Советот на општинаа со прва реченица „институции во заштита на граѓаните“. Ова да беше нормална држава во која функционира системот денеска директорот немаше да се шета по телевизии туку ќе беше на обвинителна клупа. Самата прекршочна пријава која ја изрекува Државниот инспекторат не е решение на проблемот, решение е поопсежна инспекциска анализа, во која ќе се наложи испитување на почвата, реката, се што е неопходно за да биде заштитено здравјето на граѓаните, истакна градоначалникот Митовски.