Градоначалничката на Град Скопје со честитка за Рамазан Бајрам на сите наши сограѓани од исламска вероисповед им го честита празникот, со искрени желби за добро здравје, љубов, среќа и благосостојба. Со добри дела и заедништво да продолжиме да ги негуваме солидарноста, меѓусебното разбирање, толеранцијата и соживотот. Сплотени заедно да придонесеме за просперитет и благосостојба за сите. Посакувам среќни празнични денови исполнети со радост, спокој и хармонија.
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје
Град Скопје