Градската болница во Скопје се наоѓа во непосредна близина на Собранието на Македонија, а изградбата почнала во 1931 година по проектот на хрватскиот архитект Драго Иблер.
Објектот бил предвиден со Генералниот урбанистички план од 1929 година, на кој биле планирани поважните републички институции. Објектот на Градската болница долго време бил под заштита на Конзерваторскиот цетар од Скопје како градителско наследство, меѓутоа во 2009 година се намалува нивото на заштита со цел да се догради и измени објектот.
Првичното име било Завод за социјални осигурување на работници, додека денеска се нарекува Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ или позната како Градска Болница. Исто така, на фотографијата од „Википедија“ е претставена разгледница од Скопје, односно зградата на Градската болница.