Дополнително, хемиските фабрики и зградите ќе се градат врз бунарите во заштитната зона Нерези – Лепенец од кои вода пие цело Скопје.ДУП-от е донесен во постапка спротивна на закон, без позитивна согласност од градот Скопје што е задолжителен елемент за правосилност на ДУП.
Уставниот суд, веројатно допингуван со “Кафетин”, одлучува да не ја разгледува иницијативата за оценка на Уставност поднесена од град Скопје, па нејасно е ако не ја разгледуваат како се осмелиле да дадат образложение дека не се докажало дека ДУПот е незаконски и неуставен.
А КАКО ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА Е НЕЗАКОНСКИ, АКО СТЕ ОДЛУЧИЛЕ ДА НЕ ЈА РАЗГЛЕДУВАТЕ ИНИЦИЈАТИВАТА??
Иако ги имаат доказите на маса доставени од наша страна, Уставните судии одлучија воопшто да не ја разгледуваат иницијативата, а ако ја разгледаа немаше да можат да одлучат во интерес на УРБАНАТА МАФИЈА!!! Следниот пат, за да не се вознемирени кога треба да разгледуваат докази по доставена ИЗДРЖАНА ИНИЦИЈАТИВА, за да не ја отфрлат пред рагледување како денес предлагам изведувачите на хемиските фабрики да ги допингуваат со “Дијазепам”.