ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2025 година
Предмет на јавниот повик:
1.1. Предмет на јавниот повик е доделување на финансиски средства на граѓани на подрачјето на градот Скопје, наменети за субвенционирање на дел од трошоците направени при купување на велосипеди за 2025 година.
1.2. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во максимален износ од 5.000,00 денари по лице во кој е вклучен данок на личен доход.
1.3.Средствата од потточка 1.2. се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2025 година во Програма Р1 Потпрограма 464 Потставка 464990, во вкупен износ од 3.000.000,00 денари.
1.4. Јавниот повик ќе трае од денот на неговото објавување до исцрпување на
предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, но не подоцна од 31 октомври во тековната година, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
1.5. Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари), кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 01.01.2025 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 31 октомври во тековната година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
1.6. Пристигнатите барања во архивата на Град Скопје ќе бидат евидентирани со
точно време на поднесување (датум, час и минута) и истите ќе бидат разгледувани според датумот и времето на пристигнувањето.
Услови за учество на јавниот повик:
Барателот треба да ги исполни следниве услови:
– да е жител на град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари),
– новиот велосипед да е купен во Република Северна Македонија од 01.01.2025 година се до исцрпувањето на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, но не подоцна од 31 октомври во тековната година.
Начин на пријавување на Јавниот повик:
3.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да ја поднесе следната документација:
– пополнето барање за субвенција за купување на еден велосипед (барањето ќе биде објавено на интернет страницата на Град Скопје)
– нотарски заверена изјава дека барателот е согласен неговите лични податоци да се користат исклучиво за учество на овој Јавен повик
– копија од предната страна на трансакциска сметка (исклучиво да гласи на име на барателот, не ополномоштена од трето лице), а барателите кои немаат постојани примања да бидат регистрирани во Управата за јавни приходи со отварање на свој профил за данок на личен доход.
– доказ дека е извршено купување на еден нов велосипед и тоа со приложување на оргинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, почнувајќи од 01.01.2025 година се до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, но не подоцна од 31 октомври во тековната година, при што задолжително е велосипедот да е целосно отплатен. Плаќањето на рати не се прифаќа.
3.2. Едно лице може да поднесе само едно барање на јавниот повик за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.
3.3. Потребната документација, граѓаните ја поднесуваат во Архива на Град Скопје во затворен плик со назнака: До Сектор за заштита на животната средина – Комисија за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди во 2025 година, секој работен ден од понеделник до петок, во период од 08:30 – 15:00 часот.
Начин на спроведување на Јавниот повик:
4.1. За утврдување на исполнувањето на условите за доделување на финансиски
средства, Градоначалникот на Град Скопје формира Комисија за субвенционирање на граѓаните за купување на велосипеди во 2025 година.
4.2. Исплатата на финансиските средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.
4.3. Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Град Скопје ќе објави дека Јавниот повик е завршен.
4.4. Градоначалникот на Град Скопје на предлог на Комисијата донесува Решение за доделување на финансиски средства за барателите кои ги исполниле условите врз основа на точка 2 од овој јавен повик.
4.5. Во случај да не се усвои доставеното барање поради неуредна или нецелосна документација или доколку барателот не ги исполнува условите од точка 2 од овој јавен повик, Комисијата со известување ќе го извести барателот за причините поради кои не е усвоено истото.