Од кога стана измеќар на ВМРО ДПМНЕ, Висар Ганиу во континуитет го напаѓа јавното претпријатие Комунална Хигиена, а во најновиот скандал кој го предизвика со противправно исфрлање и собирање смет му е одземено возило од страна на Министерството за внатрешни работи.
Ганиу треба да каже ѓубрето што го собира каде го фрла, бидејќи нема склучен договор со единствената санитарна депонија Дрисла.
Јавно го прашуваме градоначалникот на Чаир Висар Ганиу каде го фрла ѓубрето што го собира? Бидејќи не го одлага во Дрисла, дали Ганиу со ѓубрето прави диви депонии со кои ги труе граѓаните на Скопје?
Од некој што 20 години црпел привилегии од ДУИ, Висар Ганиу минимум би требало да се срами да зборува за своите долгогодишни сопартијци кои ги молел на колена да го кандидираат и гласаат за градоначалник на Чаир. Од неговото измеќарување за ВМРО ДПМНЕ во овој мандат, како единствени проекти ќе останат стотиците дивоградби низ Чаир кои не може да ги легализира и две уметнички инсталации од запалени автомобили кои се поврзуваат со неговото име и предметните дивоградби. Јавното претпријатие Комунална Хигиена редовно ги извршува своите работни активности по оперативниот план на Советот на Град Скопје, а одлуките на Комунална Хигиена ги носи управниот одбор на претпријатието поставен од коалицијата ВМРО ДПМНЕ-ВЛЕН.
Град Скопје