Продолжува проектот за подобрување на условите за скопските средношколци со инвестици во средните училишта на Град Скопје, со што се обезбедува подобрување на условите за учениците и за наставниот кадар кој овозможува повисок квалитет на наставниот процес. Во средно училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ реконструирани се површините предвидени за спорт и рекреација на учениците, реконструирано е спортското игралиште со нова тартан подлога, како и нови училишни спортски реквизити.
Со континуираните инвестиции во средните училишта на Град Скопје се овозможуваат одлични услови за средношколците и наставниот кадар за одржување на наставата по спорт и спортски активности. Спортските капацитети изградени по највисоки стандарди, им овозможуваат на младите спортисти кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци од училиштето активно да тренираат и да се надградуваат.



