Град Скопје објави јавен повик согласно Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје за 2025 година, со кој ќе се поддржат програми, проекти, програмски активности и манифестации за развој на училишниот спорт на средните училишта во градот Скопје, спортски манифестации за лица со попреченост на подрачјето на градот Скопје, традиционални спортски манифестации и настани од особен интерес за Град Скопје, како и проекти за поддршка на екстремен, урбан и рекреативен спорт.
Јавниот повик трае до 14.03.2025 година и за истиот повеќе информации се достапни на: