На денешниот протест, организиран од иницијативата „Кој е следен?“, присутните пред ГОБ Свет Наум Охридски ја покажаа својата поддршка на лекарите кои се борат за животите на повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Граѓаните движејќи се од Влада кон Собранието на Република Македонија извикуваат и “Доста беше смрт” и бараат правда за младата Теодора Ристовска која во Тетово беше прегазена од автомобил при што го загуби животот, а возачот пред неколку дена доби пресуда од само две години затворска казна.
Протестот е организиран од иницијативата “Кој е следен”. Се бара правда и за сите останати трагедии кои се случија изминатиов период. Протестниот марш започна пред Владата, а потоа рутата е кон Судскиот совет, Собранието па се до Кривичниот Суд.