Тој за ТВ Пинк изјави дека нема да има дополнително продолжување на времетраењето на акцијата за собирање оружје.
Акцијата за доброволно предавање на нерегистрираното оружје е покрената по двете масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево. Кампањата првично требаше да трае до 8 јуни, но српските власти ја продолжија акцијата во која граѓаните можат илегалното оружје и муниција да ѝ го предадат на полицијата без никакви последици. Најавено е дека по завршувањето на акцијата ќе следуваат репресивни мерки за оние што оружјето нема да го предадат своеволно.