Грозоморно убиство ја потресе Србија. Две млади момчиња убиле маж, го врзале и го претепале до смрт, пишуваат српските медиуми. Убиството се случило ноќта меѓу 27 и 28 јануари во околината на Бојник. Телотo на 61-годишен маж денеска е пронајдено покрај реката. На телото имало видливи повреди.
Сомнежите се дека на 27 јануари по кратка дискусија во куќа во село кај Бојник, момчињата неколкупати го удриле мажот, а потоа го одвлекле до блискиот поток, го врзале и продолжиле да го тепаат со раце, нозе и дрвен стап. Вишото јавно обвинителство Лесковац денеска му одреди притвор на млад човек (19) од Бојник поради сомнение дека заедно со малолетник (17) од засега непознати причини го убиле мажот.