Убеден е, како што рече, дека ВМРО-ДПМНЕ партија е европски ориентирана и нема да дозволи тоа да се случи.
-Сите знаеме оти мора да пристапиме кон техничката измена на Уставот и видовме, уставните амандмани се апсолутно технички и никој во општеството, освен опозицијата не реагираше на текстот на уставните амандмани. Само таму имаше реакција и тоа политичка, не по однос на содржината на уставните амандмани, туку политичка, за дневна политика, рече Груби.