Грчката полиција уапси 23 лица осомничени за шверц на нелегални мигранти и фалсификување документи, додека по 26 други членови на оваа криминална мрежа сè уште се трага. Оваа банда заработила 4.865.200 евра преку шверц и фалсификување, а меѓу уапсените е и водачот на групата, кој изработувал лажни патни документи за мигранти од почетокот на 2024 година, објавува ЕРТ.
За време на претресите на четири локации во Атина и Пиреја, запленети се 4.831 лажни патни документи во вредност од 68.000 евра, а идентификувани се и 558 мигранти прошверцувани во ЕУ од оваа група. Во зависност од тоа дали шверцувале мигранти по пат, море или воздух, трошоците за транспорт се движеле помеѓу 700 и 8.000 евра, додека фалсификуваниот документ чинел помеѓу 400 и 600 евра