Синдикатите што ги застапуваат работниците во секој сектор на економијата на Грција, денеска ќе ги исполнат улиците во Атина, Солун и дузина други грчки градови, денеска, на 1 Мај. Демонстрациите како што објави „Екатимерини“, ќе нарушат многу услуги меѓу кои оние со бродски сообраќај и јавниот превоз затоа што работниците во овие служби си даваат откази бидејќи не сакаат да работат со недостоинствени плати и „колективни ценкања“. Тие бараат повеќе вработувања и подобри работни услови. Во центарот на Атина, маршовите се најавени денеска од страна на грчкиот генерален синдикат на работници и конфедерацијата на вработени во јавната администрација, заедно со други синдикати. Протестите почнуваат во 10 часот и 30 минути а главниот собир ќе биде пред Парламентот на плоштадот Синтагма.
Во Солун синдикатите ќе се соберат пред статуата на Елефтериос Венизелос во 10 часот и 30 минути. Во исто време неколку антивладини групи ќе одржуваат паралелни протести. Возачите на автомобили, се советуваат да не се упатуваат со возила ниту во центарот на Солун, ниту во Атина бидејќи сообраќајот ќе биде блокиран. Маршови ќе се одржат и во други грчки градови – Патра, Лариса, Каламата, Јоанина, Ираклио, Крит, Закинтос, Самос.