Државјанин на Србија и државјанка на С.Македонија се извлечени од морето во несвест вчера, во различни делови на Халкидики, а набргу потоа се прогласени за починати, пренесe halkidikinews.Во четврток, 19 јуни 2025 година, во попладневните часови, пристанишната управа на Неос Мармарас беше информирана за пронаоѓањето на 77-годишна жена, државјанка на Северна Македонија, во морскиот дел на плажата Метаморфоси, во Ситонија.
Жената веднаш беше пренесена со амбулантно возило ЕКАБ во здравствениот центар Агиос Николаос, каде што е прогласена за мртва.Неколку часа подоцна, исто така попладне, пристанишната управа на Неа Муданија беше информирана за пронаоѓањето на 73-годишен странец, државјанин на Србија, во морскиот дел на плажата Полихронос, во општина Касандра.Мажот бил префрлен во Здравствениот центар Касандра, каде што е прогласен за мртов. Прелиминарната истрага за овој случај ја спроведува Второто одделение на пристаништето Неа Муданија при Централната пристанишна управа на Солун, додека телото ќе биде префрлено во судската служба на Солун.Се истражуваат точните околности на двата инцидента