13.5 C
Скопје
12/05/2025 20:58
МАКТЕЛ

     

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

      

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе од двесте беа повредени. Трагедијата за кусо време, како ретко кога, го сплоти во тага и во молитви сиот наш народ, но и сите оние коишто сочувствуваа со нас. Истовремено, кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната стварност на смртта. Во молитвеното испраќање на овие млади луѓе и во привремената разделба со нив, ништо друго не можеше да ни даде сила и утеха освен простувањето од нив со бодра надеж во воскресението, порачува архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во Пасхалното послание. Во посланието од поглаварот и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, се посочува и дека оваа година прославуваме 80 години од одржувањето на Првиот македонски Црковно-народен собор, на кој е донесена одлука со која е најавено воскреснувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

ПАСХАЛНО ПОСЛАНИЕ

   

† СТЕФАН,
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ –
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Јас сум воскресението и животот.
Оној што верува во Мене, и да умре, ќе живее[1].

Возљубени празникољупци,

Собрани со торжествена радост, соединети со вера во воскреснатиот Господ, денес го славиме најголемиот настан во историјата – Христовата победа над смртта! На овој Празник над празниците, во овој Ден на незаодната светлина, кога исчезнуваат сите граници меѓу земното и небесното, откако поклонички и смирено го изодивме патот на благословениот Велигденски пост,  еве, радосно ја празнуваме победата на животот! Исправени во стамена послушност на Божјите заповеди и внурнати во несогледливите и неискажливи длабочини на Божјите тајни, денес повторно го осознаваме искупителниот дар на неизмерната Божја љубов, на вистинскиот и неминлив живот во кој Бог нè приведе од небитие, благоизволувајќи довека да сопостоиме со Него. Светата Црква учи дека Христовото искупително дело за спасението на човечкиот род, потполно и конечно се оствари преку Неговото тридневно воскресение. Сè што беше пророкувано и очекувано во Стариот Завет, кога се исполни времето[2], се оствари во Неговата личност и во Неговото дело: Господ се воплоти, доброволно се распна, се предаде на страдања и смрт, и воскресна во слава и величие.

Затоа, со кој јазик да го искажеме и со кои зборови да го опишеме нашето благодарно ликување?! Со какви стихови долично да ја испееме највеличествената химна за Христовото воскресение?! Исправени во созерцание пред адскиот мрак кој се заканува да нè погуби, а восхитени од Христовото славно воскресение, го слушаме одекнувањето во нас на божествениот глас кој повикува: Врви по Мене![3] Оттаму на овој празник обилно се излева неискажлива радост, та на почетокот од воскресната богослужба, среде ноќта, пееме: „Пријдете, примете светлина од незаодливата Светлина, и прославете Го Христа Кој воскресна од мртвите!“[4]

Возљубени чеда во Господа,

Чудесната вест, објавена од ангелот во тишината на празниот гроб, дека Христос воскреснал, до денешен ден допира до сето создание и постојано донесува нова радост и нови надежи. А Бог, како бесконечен и совршен, немаше потреба од Воплотувањето. Победата над смртта со смрт, Тој не ја извојувал заради Себе, туку за да им дарува живот на оние во гробовите и да ги ослободи заробените од смртта. Па, Господ Христос ја поднесе жртвата не за Себеси, туку за нас да нè украси со венецот на победата и на животот!

Бог го создаде светот добар, и за добро, и тој не почива во зло самиот по себе! Оддалеченоста на човекот од Бога е она што чини да се раѓа злото во светот. Затоа, историјата на човештвото изобилува со војни и зла, со освојувања и прогонства, со страдања, неправди и несреќи. Но, најважните војни и битки се оние коишто човекот ги води со себеси, преку личното покајание и враќање кон Бога. Оттаму, ако човекот успее да извојува победа врз самиот себеси, врз својата падната природа, тоа ќе значи дека ја добил и најважната битка во животот!

Спасителот, Господ Исус Христос, го победил злото на Крстот, а оние коишто веруваат ја наследуваат таа победа, сораспнувајќи се со Него. Подвижничкото чување на Божјите заповеди значи човекот да се уподоби на Бога, за, како што вели светиот апостол Павле, да Го познаам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, сообразувајќи се со Неговата смрт, та некако да го достигнам воскресението на мртвите[5].

Возљубени во Христа воскреснатиот,

Нема воскресение без распетие, како што нема ниту вистинска радост на која не ѝ претходеле горчливи солзи. Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега. Имено, во текот на овогодишниот предвелигденски период пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе од двесте беа повредени во страшниот пожар во Кочани. Трагедијата за кусо време, како ретко кога, го сплоти во тага и во молитви сиот наш народ, но и сите оние коишто сочувствуваа со нас. Истовремено, кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната стварност на смртта. Во молитвеното испраќање на овие млади луѓе и во привремената разделба со нив, ништо друго не можеше да ни даде сила и утеха освен простувањето од нив со бодра надеж во воскресението. Затоа годинашнава велигденска светлина ја очекувавме и ја дочекуваме со уште поголема духовна усрдност.

И во овој миг да се потсетиме и на оние коишто го жртвуваа и сопствениот живот, за да спасат што повеќе други животи. Во нив силно заблеска евангелската порака за љубовта кон ближните, упатена од воскреснатиот Господ: Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве возљубив. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи некој својата душа за своите пријатели[6].

Возљубени чеда на Македонската Православна Црква,

Оваа година прославуваме 80 години од одржувањето на Првиот македонски Црковно-народен собор, одржан во Скопје, во 1945 година, на кој тогашните свештенослужители и народни претставници од слободна Македонија донеле Одлука со која го најавиле воскреснувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. Воедно, годинава нашата помесна Црква учествува и во сеправославното прославување на големиот јубилеј – 1700 години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кој Црквата ја победи ереста на аријанизмот, успевајќи да го запази учењето за Словото Божјо и, следствено, за вистинитоста на Неговото воплотување. Токму таа божествена вистина, пак, ни ја дава можноста за наше благодатно учество во Неговата природа[7] и за наше совоскреснување со Него!

Затоа, честитајќи ви го Празникот над празниците – Велигден, посакуваме благословението Господово да завладее во секого од нас и во сиот свет. А за тоа потребно е, кога во овие велерадосни денови празнично едни со други ќе се поздравуваме со „Христос воскресна“ – „Навистина воскресна“, ние, од длабочината на нашите срца, да ја исповедаме верата дека Бог ќе ги воскресне и нашите тела со истата моќ со која Го воскресна и нашиот Господ[8].  Така и да ја живееме нашата вера, исповедајќи: „Го чекам воскресението на мртвите и животот на идниот век“! Амин!

Честит Велигден! Христос воскресе!

† СТЕФАН,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

   

Најново

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski

“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот интервјуиран од заменик министерката Трајков

Sase Ivanovski

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Sase Ivanovski

Пакистански авион од кинеско производство собори два индиски борбени авиони, соопштија американските власти

Sase Ivanovski

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Sase Ivanovski

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Sase Ivanovski

Една епизода од Game of throns чини колку Х Македонски народни приказни

Sase Ivanovski

Слонот во собата и „куклите“ во Владата

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЦЕЛТА Е ЕУ, НО ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ И ВО ПАРИЗ, БЕРЛИН, РИМ… Мицкоски сака Македонија да биде трипати подобра од сите за да испрати порака

Sase Ivanovski

Голем триумф за Еди Рама – сам има мнозинство да состави Влада

Sase Ivanovski

ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интрига или факт: Гајдов му удрил бокс/шлаканица на Зиков?

Sase Ivanovski

Основната разлика меѓу евро-интеграциите на Скопје и Кијив: Украина ја брани Европа сама по себе. ЕУ ја брани Северна Македонија самата од себе

Sase Ivanovski

САД и Кина се договорија да ги намалат царините!

Sase Ivanovski

Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Sase Ivanovski

Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?

Sase Ivanovski

Хотел Златибор во Ужице, Србија е маестрален пример за социјалистичкиот модернизам

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: БЕЛОМОРСКИ ВИДУВАЊА 2025

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини

Sase Ivanovski

Почнаа 13-тото издание на RoboMac и 5-тото издание на RoboMac Junior

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но не очајуваме, македонската економија има потенцијал испорачуваме резултати

Sase Ivanovski

Јаневска: се залагаме за едносменска настава во сите училишта бидејќи значително го подобрува знаење на учениците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи, затоа ли молчи за златната виза?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: Во што се претвори СДС? Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник? Ќе се откаже ли СДС од Слаѓан Марковски?

Sase Ivanovski

Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска со порака до збунетото СДСМ – се самозалажувате – вашите штабови се како археолошки напуштени музеи

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: И ова утро, Општина Центар го исчисти сметот во Дебар Маало, Комунална хигиена на продолжен викенд

Sase Ivanovski
Вчитувам....