Претседателот на „Емирејтс“, Сер Тим Кларк, конечно го отфрли митот дека авиокомпанијата вработува само атрактивни луѓе како кабински персонал. Погледнете што рече. Кларк е претседател на авиокомпанијата со седиште во Дубаи од 2003 година, а беше меѓу основачите на Емирејстс во 1985 година. Оваа компанија е позната по тоа што има репутација дека изгледа префинето и гламурозно кога се патува – персоналот секогаш носи беспрекорно скроени униформи, со совршено стилизирана коса и шминка. Затоа долго време се вели дека членовите на екипажот се избираат исклучиво врз основа на физичкиот изглед. Британскиот водител Пирс Морган ја искористи можноста да разговара за ова со Кларк во емисијата „Пирс Морган без цензура“. Тој на шега праша дали е вистина дека „на старите и грди мажи и жени им е забрането да работат во Емирејтс“. Кларк го прифати сето тоа со насмевка и одговори:
— Да бидеме јасни, имаме 25.000 членови на кабинскиот екипаж. Тие доаѓаат од целиот свет. Нашата компанија е голема аспирација за многумина од нив. „Не дискриминираме по никаква основа“
— Можеме да избереме било кого, од Аргентина, Кина, Канада, Обединетото Кралство… Ги избираме оние кои ги поседуваат квалитетите што ни се потребни за да го зачуваме и подобриме нашиот бренд. Тоа се емпатија, способност за работа со луѓе, за работа под притисок. Ако се случи да бидат и физички привлечни тогаш е одлично-рече тој.