Независниот советник во Општина Кочани Венко Крстевски обезбедил мнозинство во Советот за да биде избран за вршител на должноста градоначалник на градот, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на неофицијални извори. Крстевски 8 години е советник во Општина Кочани и честопати се фокусира на проблемите со локалната инфраструктура, депонијата, нерегулираниот сообраќаен хаос, водоводната и канализациската мрежа, но и поддршката за спортот.
По трагедијата во дискотеката „Пулс“ Љупчо Папазов, досегашниот градоначалник поднесе оставка. Крстевски веќе ветува дека за седум месеци „ќе сработи повеќе отколку сите градоначалници до сега во овие 30 години“ и дека строго ќе ги контролира со цел да ги урне – угостителските објекти и незаконските тенди во трговскиот центар во Кочани.