фото: принтскрин, Само вистина
Дали договорот со Бугарија е дел од преговарачката рамка за влез на Македонија во ЕУ – лидерите на двете најголеми политички партии со различни толкувања. Според Ковачевски, Македонија може да остане заглавена на патот кон ЕУ бидејќи „криви ни се сите“, според Мицкоски пак, Македонија е понижена и мора да има фер преговори со ЕУ.
Добрососедските односи се клучни во однос на интегрирањето на ЕУ и НАТО. Вие замислете какви односи имале Франција и Германија и ќе ви биде јасно дека седнале на цивилизиран начин и го решиле проблемот, вели лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на ТВ Дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Договорот за добрососедство е всушност вториот договор по тој со Грција за членство во НАТО. Со него се дава начин како да се гледа на иднината. Јас кога дојдов на чело на владата веднаш се сретнав со бугарскиот премиер а потоа формиравме и работни групи. Во тоа време постоеја поединци и групи и политички партии и влијанија од странство кои не сакаа дапостигнеме договор. Ние успеавме и сега треба да го исполниме нашиот дел од таа преговарачка рамка“, рече Ковачевски.
Мицкоски пак, му возвраќа дека токму договорот со Бугарија е дел од преговарачката рамка со ЕУ и дека може понатаму Бугарија да не блокира. Патот на Македонија кон ЕУ, според Мицкоски не се заснова на Копенхашките критериуми и ЕУ вредности, туку сме уценети од Бугарија.
„Двата договори не се исти Преспанскиот и овој со Бугарија, овој е билатерален а тој со Грција беше со потсредство на Метју Нимиц. Мислам дека напротив по постигнувањето на договорот ние се раздалечивме, се помалку Македонци одат во Бугарија и Бугари во Македонија. Ако го погледнете протоколот 2 кој што го потпиша Османи е дека историската комисија се охрабрува да ја заврши својата работа пред Македонија да стане членка. И сега кажете ми која е логиката на Македонија да преговара со разлика на мотивите на бугарската страна. И сега што можеме да очекуваме тука“, рече Мицкоски во ТВ Дуелот на Канал 5.Ковачевски вината ја гледа во опозицијата која не поддржа уставни измени кои потекнуваат како обврска од прифаќање на францускиот предлог. Мицкоски пак цели кон развој на Македонија и преговори со ЕУ на фер начин.