„Стасав“, напиша Милорад Додик на Икс синоќа, три часа по полноќ. Но, претседателот на Република Српска, по кого е распишана потерница, без да наведе каде тоа стасал. Неколку негови сопартијци, меѓу кои и градоначалничката на општина Језеро, Снежана Ружичиќ, објавија поздравни пораки заедно со архивски фотографии. На медиумите во Бања Лука им беше кажано дека Додик има „приватни обврски“ и дека нема да се појавува во јавноста. Сепак, неколку извори блиски до Додик за порталот Истрага.ба изјавија дека претседателот на Република Српска отпатувал од Белград за Москва. Таму, според истите извори, во вторник треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Бидејќи владиниот авион на Република Српска се уште е „паркиран“ во Бања Лука, јасно е дека Додик користел друг авион за патувањето во Москва. Да повториме, во три часот по наше време објави дека „стигнав“, пишува порталот.
Според податоците на московскиот аеродром, авион од Белград слетал во 4:10 часот по локално време. Со оглед на тоа што временската разлика помеѓу БиХ и Русија е два часа, 04:10 часот по московско време беше 2:10 часот по БиХ. Додик објави дека „пристигнал“ точно во три часот – односно 50-тина минути по слетувањето на авионот од Белград за Москва. Зошто Додик отпатува за Москва со редовен лет? Судот на БиХ пред три дена нареди распишување меѓународна потерница за Милорад Додик. Во моментот на објавувањето, генералниот секретар на Интерпол се уште не го одобрил издавањето на налогот за апсење, а конечната одлука треба да биде донесена во следните неколку дена. Доколку Интерпол издаде меѓународна потерница, постои голема веројатност владиниот авион на Република Српска, кој би го превезувал Додик, да биде спречен да лета над земјите-членки на НАТО. Во тој случај тој авион би останал „заробен“ во Москва. Затоа Додик реши да патува со редовен лет.