Кардинали на Римокатоличката црква од целиот свет дененска попладне ќе ја почнат конклавата, односно гласањето за избор на 267-от папа. Право на глас на конклавата имаат 133 кардинали кои од 28 април веќе се пристигнати во Ватикан. Тие ќе влезат во Сикстинската капела и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе го започнат тајниот избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква. За време на конклавата, сите радио, телевизиски и телефонски врски се прекинати бидејќи кардиналите мора да бидат изолирани од надворешниот свет и можните влијанија врз нивната одлука.
Во конкуренција за нов папа се 135 кардинали на возраст до 80 години, кои доаѓаат од 71 држава од целиот свет, со што ова ќе биде географски најразновидната конклава во историјата. На првиот ден од конклавата кардиналите гласаат само еднаш, а во наредните денови двапати наутро и двапати попладне. Доколку нема резултати по три дена, гласањето се прекинува најмногу на еден ден, кој е посветен на молитва, состаноци, размислување и духовно обновување.
Италијанецот Пјетро Паролин и Филипинецот Луис Антонио Тагле, се најсериозните кандидати за следен поглавар на Римокатоличката црква. Пјетро Паролин е добро познат во Рим, дипломат кој соработуваше со папата Франциск 12 години и во странство и е сериозен кандидат да биде следниот папа. Луис Антонио Тагле, е харизматичен умерен човек кој често се нарекува „Франциск од Азија“.