10.2 C
Скопје
16/05/2025 16:20
МАКТЕЛ

     

ДАЛИ ПУТИН МОЖЕ ТУКУТАКА ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА? Еве кои се Z-патриотите и зошто дел од Русија не сака мир

      

Аналитичарите предупредуваат дека со нивното залагање за продолжување на војната, Z-патриотите понекогаш ја преминуваат границата, дури и за вкусот на Кремљ, и предизвикуваат вознемиреност кај јавноста. Според вишиот соработник во Карнеги центарот за Русија и Евроазија и долгогодишен истражувач на Кремљ, Татјана Становаја, не се сите Z-патриоти под целосна контрола. Додека претседателот на Русија, Владимир Путин, разгледува можност за мировен договор со кој би завршила војната во Украина, антизападните националисти во Русија водат кампања за продолжување на конфликтот, објави Ројтерс. „Ги предаваме нашите оружја, ја предаваме нашата земја!“, напиша во неделата промосковскиот активист во дел од украинскиот источен регион Доњецк што е под контрола на Москва, Павел Губарев, изразувајќи бес поради можноста конфликтот да биде „замрзнат“ на постојните линии.

На некој, што пораснал на Запад, на прв поглед може да му изгледа дека Путин е под притисок. Меѓутоа, таканаречените „Z-патриоти“ – именувани по симболот што руските сили во Украина го цртаат на своите возила – мора да следат одредени правила и да не претставуваат закана за Путин, изјавија за Ројтерс три лица, блиски до Кремљ. Од нив ќе се очекува да се придржуваат ако и кога ќе дојде моментот за мир. – Истовремено, Путин и неговите разузнавачки агенции мора да управуваат со тврдокорните националисти во Русија за да не ги попречат неговите цели – велат интервјуираните. Аналитичарите велат дека со застапувањето на продолжувањето на војната, Z-патриотите понекогаш можат да одат предалеку за вкусот на Кремљ, вознемирувајќи ја јавноста.

   

–  Не се сите под целосна контрола – вели виш соработник во Карнеги центарот за Русија и Евроазија, Татјана Становаја, која со години го проучува Кремљ. Становаја, која минатата година беше етикетирана како „странски агент“ од руските власти, истакна дека некои Z-патриоти ја повикале руската војска да ги окупира украинските градови Киев и Одеса, па дури и да изврши инвазија врз Полска. Ваквите цели далеку го надминуваат тоа што Путин – кој прогласи четири украински региони за дел од Русија, заедно со Крим – го наведе како воена цел на Русија. – Нивното поттикнување на луѓето и притискање на општеството да поддржи поголема воена кампања е пречка и продолжува работата на тоа да се ублажи тоа што го кажуваат или да се потсмират бидејќи го вознемируваат општеството, во време кога Путин треба да води разговори – рече Становаја.

Кремљ не одговори на барањето на Ројтерс за коментар. Некои од Z-патриотите – воени блогери или воени дописници – имаат половина милион или повеќе следбеници на Телеграм и се широко читани во Русија, вклучително и меѓу елитата, во странство и во Украина. Но, тие мора да бидат внимателни. Националистите, кои во минатото ги преминале границите на Кремљ, се соочиле со проблеми, а ова особено важи за бунтовничкиот водач на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, и за отворениот ултранационалист Игор Гиркин. Пригожин загина во авионска несреќа, а Гиркин беше затворен. Кремљ ја отфрли како „апсолутна лага“ сугестијата дека Путин го убил Пригожин како одмазда за неговиот бунт. Кремљ вели дека не се меша во судските постапки, нешто што критичарите го оспоруваат. Аналитичарите велат дека Z-патриотите му биле корисни на Кремљ, помагајќи му на Путин да изгради и да одржи широка јавна поддршка за војната во текот на изминатите 3 години. Но, Z-патриотите, кои премногу се заморуваат со каков било евентуален мировен договор, ризикуваат да бидат „пуштени низ вода“, рекоа трите извори, кои, како и другите во оваа сторија, зборуваа под услов на анонимност.

Еден од изворите рече дека ултранационалистите бргу ќе ја променат својата реторика откако Кремљ ќе воспостави мировен план. – Ќе биде како прекинувач, само ќе го вклучи светлото – рече изворот. „Војната ќе продолжи“ Откако Путин повика на директни мировни преговори во Истанбул со Украина на прес-конференција во Кремљ во неделата, некои ултранационалисти бргу ги искажаа своите загрижености. Руските преговарачи беа испратени во Турција во четвртокот, иако ни Путин ни Трамп ни Зеленски нема да бидат сами на масата за преговори. „Нашата војна ќе продолжи до целосно ослободување на Новорусија и Мала Русија“, напиша на својот блог во понеделникот Константин Малофеев, националистички тајкун кој е оженет со висока владина функционерка која директно му рапортира на Путин. Тој користел изрази што потсетувале на Руската империја и го опишувале делот од денешна Украина со кој некогаш владееле царевите. Малофеев не одговори на барањето за интервју.

Во меѓувреме, Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател, кој моментално е заменик-претседател на Советот за безбедност и некогаш се претставуваше како либерален прозападен модернизатор, во саботата во емисијата „Икс“ изјави дека прекинот на огнот ќе ѝ понуди на украинската војска „одмор“. Медведев има стекнато репутација дека честопати дава екстремни и недипломатски коментари, но неговите изјави го одразуваат начинот на размислување меѓу високите функционери на Кремљ, изјавија 5 дипломати, консултирани од Ројтерс. Како поранешен шеф на Кремљ, аналитичарите и еден од изворите рекоа дека Медведев – кој останува близок до Путин – ужива посебна дозвола да зборува. Еден од изворите рече дека воинствените изјави на националисти како Малофеев – иако искрени – се еден начин да се следи дали Кремљ е навистина блиску до мир во Украина. Ако заврши војната, нема веќе удирање во гради Ако и кога војната ќе заврши или ќе биде блиску до крај, ситуацијата ќе се промени. Таквите луѓе ќе почувствуваат дека ветрот се променил, рече изворот.

– Оние кои не го прилагодуваат своето однесување би можеле да се најдат во затвор – рече друг извор. Властите нагласија дека мора да се почитуваат две правила – не го критикувајте лично Путин и не ги критикувајте врвните воени функционери. Според законот што беше усвоен на почетокот на 2022 година, „дискредитирањето“ на армијата е казниво со затвор до 15 години. Откако ги обвини Путин и високите воени функционери за неуспехот во Украина, поранешниот офицер на ФСБ и командант на бојното поле, Гиркин, баран за воени злосторства на Запад, беше осуден за поттикнување екстремизам во 2024 година и доби четиригодишна затворска казна. Меѓутоа, во понеделникот, тој напиша на социјалните мрежи од затвор дека „само будала или саботер, кој тајно му помага на непријателот во информатичката сфера, може да зборува за претстојниот крај на војната и за каков било компромис“. Евгениј Пригожин, основачот на платеничката група Вагнер, ги предводеше своите луѓе во неуспешен и крвав марш кон Москва на 23 јуни во обид да го собори тогашниот министер за одбрана и си дозволи лични критики кон Путин.

Тој беше убиен во авионска несреќа со неговите врвни поручници два месеци по бунтот. Путин подоцна посочи дека авионот бил разнесен со рачни гранати додека лицата во него биле под дејство на кокаин и алкохол. „Партија на војната“ Многу Руси ја поврзуваат етикетата Z-патриоти со воени блогери и дописници, група која се здоби со популарност по почетокот на конфликтот. Но, таканаречената „воена партија“ вклучува и поширока група гласови, вклучувајќи ги пратениците на Државната дума, Долниот дом на парламентот и таканаречените „политички технолози“, експерти кои го обликуваат јавното мислење во ударните телевизиски емисии, посветени на војната на државната телевизија, со што му служат на Кремљ, односно го повторуваат и го зајакнуваат наративот од врвот на државата. Исто така, постојат личности поврзани со Министерството за одбрана, разузнавачките агенции, со агенциите за спроведување на законот и поединци кои биле или остануваат блиски до Путин. Оние на кои им е дозволено да се појават во телевизиски ток-шоуа за војната редовно зборуваат за заканите кон Западот, како што се употребата на нуклеарно оружје против Велика Британија или инвазијата на балтичките земји. Становаја од Карнеги, врз основа на анкети, процени дека ставовите на Z-патриотите ги делат 10-15% од Русите, и дека тоа значи дека националистите немаат сериозно влијание врз Путин. – Без радикални надворешни промени, Путин е посветен на завршување на војната според свои услови. Тој е подготвен да води војна со години или да ги постигне своите цели на поинаков начин – рече таа.

   

Најново

МАКЕДОНЕЦ ТРГНАЛ ОД ГЕРМАНИЈА КОН РОДНИОТ ГРАД И ПОЧИНАЛ ВО АВТОБУС Лекарите биле немоќни да го спасат 70-годишниот стружанец

Sase Ivanovski

„ИДЕШ НАВАКА?“ МУ ПИШАЛ ОСМАНИ НА ПАЛЕВСКИ, А ОВОЈ НЕ МУ ОДГОВОРИЛ НИШТО Обвинителството сака да докаже дека Палчо не поправал котел на денот на убиството на Вања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Заедничка изјава на премиерот Мицкоски со британскиот премиер Стармер од Тирана, Албанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ТИРАНА СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Стармер гледа сериозен партнер во Македонија

Sase Ivanovski

ТРАМП САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО Американскиот претседател порача дека е време да се заврши војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) САД, УКРАИНА И ТУРЦИЈА СЕДНАА НА МАСА Следни се Русите

Sase Ivanovski

ВАШИНГТОН Е ЗАГРИЖЕН ПОРАДИ ХУМАНИТАРНАТА КРИЗА ВО ГАЗА Загинаа 50 лица во нов израелски напад

Sase Ivanovski

РУСИЈА САКА ДА ГИ ТРГНЕ САД И ТУРЦИЈА ОД РАВЕНКАТА Кремљ бара да преговара само со Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЖЕСТОК СУДИР ПРЕД СУДОТ ВО НОВИ САД Полицијата повторно ги нападна демонстрантите

Sase Ivanovski

ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА И ПОЛ Вучиќ посочи дека не добил никакво барање од блокадерите

Sase Ivanovski

МИРОТ ВО УКРАИНА ЗАВИСИ ОД ТРАМП И ОД ПУТИН Средба на двајцата лидери е единствена шанса за прекин на огнот, посочи Рубио

Sase Ivanovski

Вистиномер: Не е точно дека Европа не одбележува победа над фашизмот

Sase Ivanovski

Вистиномер: Парада на победата во Москва: Кога Путин говори за правда и праведност

Sase Ivanovski

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската Унија

Sase Ivanovski

Вистиномер: ЕУ не е фашистичка ако му го одзела имунитет на крајнодесничарскиот европарламентарец Браун

Sase Ivanovski

Левица: Ристески од ДПМНЕ и покрај стан во Кисела Вода е рекордер по патни трошоци

Sase Ivanovski

ПРИЗМА – Нема место за зеленило на парцелите: Сечи си, плати си и гради си

Sase Ivanovski

Вистиномер: Со про-Кремљ дезинформации повторно се обвинуваат ЕУ и НАТО за војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Борис Георгиевски во поткастот „Каде се парите“: ГЕРМАНИЈА СО ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ

Sase Ivanovski

Вистиномер: Кисела Вода сè уште не ја доби ветената поликлиника

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Со транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, и оставен простор за поминување на луѓе, иницијативата “Кој е следен?” направи герила акција пред седиштето на Обвинителството

Sase Ivanovski

Вистиномер: Тинекс не доделува подарок картичка со 7.000 денари

Sase Ivanovski

Ученички скоро четири години малтретирале соученичка во беровско иако мајката пријавувала во школото

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир

Sase Ivanovski

Вистиномер: Доктор Жан Митрев злоупотребен во лажен маркетинг за „маст за зглобови“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Рама клекнат на колена ја дочека италијанската премиерка Џорџа Мелони

Sase Ivanovski

Песков: Неопходна е средба Путин – Трамп за меѓународните прашања

Sase Ivanovski

ССНМ: Оценките на Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

Sase Ivanovski

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски оствари работна средба со италијанскиот амбасадор Палминтери

Sase Ivanovski

Затворски казни за директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница

Sase Ivanovski

Работилница со светски реномираниот театаролог Патрис Павис на Факултетот за драмски уметности-Скопје

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија

Sase Ivanovski

Стојаноски: Инвестициите ќе го зголемат БДП што директно влјиае на подобар стандард на живот за граѓаните

Sase Ivanovski

Приведено лице од Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Може Филипче и во негов стил, преку фејсбук статус од песочните плажи, да одговори дали со златната виза отишол во Дубаи со Заев за бизнис?

Sase Ivanovski

Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака, но одлучи да оди во прегратките на ДУИ, вели Муртезани

Sase Ivanovski

Герасимовски на средба со центарци: Реконструирани 20 улици, подобрени условите во сите основни училишта и градинки

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова изненадена од оставката на Таравари: Не го разбирам овој потег

Sase Ivanovski

Милошоски обвинува дека СДСМ безусловно прифаќа уставни измени по барање на Бугарија

Sase Ivanovski

Делегација од МОН на 24-от состанок на заедничкиот комитет на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS)

Sase Ivanovski

Мицкоски: Утре е убав и голем ден за Македонија

Sase Ivanovski

Каранфилова–Пановска: Пораките на Кошта се јасни, власта да го деблокира европскиот пат

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски живее надвор од реалноста, економијата тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Sase Ivanovski

По два месеци лекување се огласи гитаристот на ДНК: „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса“

Sase Ivanovski

Османи: Сиљановска-Давкова наместо да ја поддржи европската иднина на државата, продолжува да шири дезинформации

Sase Ivanovski

Милошоски: Благодарение на политиките на СДС, Македонија е во состојба на блокирани преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Поддршка за женското претприемништво во регионот – ново партнерство на GEA со Aspire Balkans

Sase Ivanovski

„Кој е следен“ организира поддршка за „Маршот на ангелите“ во Кочани оваа сабота

Sase Ivanovski

Левица: Агенцијата за обезбедување од „Пулс“ на иста адреса со функционер на ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Караванот „Заедно знаеме повеќе“ во Крива Паланка – Движењето ЗНАМ за Наша Македонија директно со народот

Sase Ivanovski

Скопјанец силувал жена на паркинг во Сопиште, ја удирал со боксови и нога по лице

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Али Ахмети ги дели Албанците за да се спаси себе и неговиот фамилијарен капитал, Таравари е последната жртва

Sase Ivanovski

Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Sase Ivanovski

Обдукцијата доставена до Обвинителството, се чека одлука за смртта на Ведат Адеми

Sase Ivanovski

Милошоски: Благодарение на политиките на СДС, Македонија е во состојба на блокирани преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Меџити: Стратешките инвестиции во зелената инфраструктура го забрзуваат економскиот развој

Sase Ivanovski

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дино Мерлин: Првиот настап во Македонија ми беше во 1985та во Битола, два дена возевме до Сараево со Фичо комбе, немавме пари за хотел во Битола, спиевме во комбето

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Sase Ivanovski

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

Sase Ivanovski

Муцунски: Чест ми е што денес во Скопје ја пречекувам министерката за надворешни работи на Австрија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Остануваме посветени на евроинтеграциите, но граѓаните чувствуваат горчина поради отстапките кои ги правеа, ни ветуваа чуда, а ние баравме обични работи

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски во најновата епизода на Бизнис Муабети

Sase Ivanovski

Петар Богојевски: Квалитетот на наставниот кадар е клучен…

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење

Sase Ivanovski

Герасимовски: Отворен јавен повик за финансирање проекти за воннаставни активности во основните училишта во Центар

Sase Ivanovski

Активно учество на пратеникот Беким Ќоку на ПССЕ настан во Финска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Филипче да не молчат и да одговорат, каде е Венко Филипче?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Euronews“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Кошта ја поздрави одличната работа на Владата и реформскиот напредок, иднината на Македонија е во ЕУ

Sase Ivanovski

Стокомак се прошири и на територијата на Србија…

Sase Ivanovski

Индиски возачи ја управуваат македонската индустриска механизација

Sase Ivanovski

Работниците ни бегаат во странство па мораме да им ги зголемуваме платите

Sase Ivanovski

24 Отворено – Кој ќе го наследи Таравари на министерска позиција и што значи ова за локални избори?

Sase Ivanovski

Ким Јонг-ун и порача на севернокорејската армија да се подготви за војна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Можете оцените кому му верувате само ако го погледнете во очи – Чејс Хјуз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кодовите на вашите гуми и како тие влијаат на перформансите…

Sase Ivanovski

„Само Вистина” 14.05.2025 – На кратко со Иван Стоилковиќ

Sase Ivanovski

Прашајте го ОВА за да ја демаскирате лажната доверба – Чејс Хјуз

Sase Ivanovski
Вчитувам....