Градоначалничката Данела Арсовска утрово со нов пост на социјалната мрежа Фејсбук му се обрати на актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски од кого побара да не крие и да им каже на скопјани за надлежностите за УСЈЕ кое го загадува Скопје. Меѓу другото таа додава дека пред 2,5 години поднела и кривична пријава за УСЈЕ за утврдено загадување и дека поради тоа трпи закани постојано.“Добро утро Орце Ѓорѓиевски.Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од Усје, знаеш она истото УСЈЕ што го загадува Скопје!
Туку дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за УСЈЕ, а бидејќи си јак претседател на сите општини на ЗЕЛС, ингеренциите на секоја општина вклучително и на својата добро ги знаеш (се надевам)
1. Интегрираната А лиценца на УСЈЕ не е надлежност на Град Скопје туку е надлежност на Министерството за животна средина на Изет Меџити ама на него не смееш да му писнеш
2. Град Скопје како единица на локална самоуправа е единствена општина што правела надзор врз УСЈЕ иако ИСТИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ ГИ ИМАШ И ТИ (ама тебе или ти е страв, или имаш интерес, па глумиш ненадлежен)
3. Секој градоначалник вклучително и ти може да влезе во заеднички надзор по лично барање со Државниот инспекторат за животна средина во било кој индустриски објект, тоа како претседател на ЗЕЛС исто би требало да го знаеш
4. Јас поднесов кривична пријава за УСЈЕ за УТВРДЕНОТО ЗАГАДУВАЊЕ пред 2,5 години и трпам закани постојано, ама за тоа треба храброст, а не оправданија
На УСЈЕ иако им се измерени 300% ПМ10 честички над дозволеното, и ниво на азотни оксиди NOx 711,9 милиграми на м3 што е двојно повеќе од дозволеното, СЕУШТЕ НЕ ИМ Е ОДЗЕМЕНА ИНТЕГРИРАНАТА А ЕКОЛОШКА ЛИЦЕНЦА од Министерството за животна средина на Изет Меџити, ама пак има тој други посериозни проблеми не му е до животната средина.