МАКТЕЛ

     

Данска има најбогат приватен пензиски систем, Македонија секоја година го зајакнува: Како во светот се обезбедува иднината на пензионерите?

      

Пензиските средства во Данска се 233 проценти од БДП, во Македонија – парите во приватните пензиски друштва се 15 отсто од БДП, а во Грција, Албанија и во Србија, тие во 2021 година биле до 1 процент од БДП. Многу важен податок е и стапката на покриеност на работоспособното население со пензиски планови

Државни пензиски фондови, приватни пензиски друштва, пензиски осигурувања преку осигурителните друштва – се дел од моделите со кои се обезбедува иднината на пензионерите во светот. Демографските статистики стануваат сè позагрижувачки и насекаде пензиските фондови и нивната одржливост се во фокусот на вниманието на властите. Повремено, од различни земји стигнуваат и вести за пропаѓање на некој пензиски фонд, или пак, за неопходна реформа, како што деновиве сериозно се зборува за Вториот пензиски столб во Хрватска, кој навидум е сличен како нашиот, но според експертите што ги консултираше „Слободен печат“, има суштински разлики и потребна е детална анализа дали нивните слабости може да се покажат и кај нас.

   

Но, она во што се сложуваат сите експерти што го следат пензискиот систем е дека тој се креираше со поинакви параметри, пред сè со поголема стапка на пензиски придонес, која изнесуваше 21,2 проценти од БДП, за разлика од сегашните 18,8 проценти. Од овие 18,8 проценти, во државниот фонд остануваат 12,8 проценти, а во приватните 6 проценти. Хрватските економисти, на пример, предлагаат во рок од 20 години да има промена со која ќе плаќаат само пет проценти во првиот фонд, а останатите 15 проценти да можеме да се вложуваат во пензиска заштеда по сопствен избор.

Податоците за трите приватни пензиски фондови: Сава пензиско друштво, КБ прв отворен пензиски фонд и Триглав отворен задолжителен пензиски фонд, покажуваат дека кај нив има околу 2 милијарди евра, при што само минатата година се префрлени 181,3 милиони евра, што претставува околу 1,4 проценти од БДП. Во доброволните пензиски фондови има околу 50 милиони евра, со тоа што во 2022 година биле реализирани 6,5 милиони евра, или 0,5 отсто од БДП. Минатата година од придонеси во Фондот за ПИОМ се уплатени 861,7 милиони евра. За пензии, пак, се одлеале околу 1,1 милијарда евра.

Глобалните пензиски средства се зголемија за околу 7 проценти во 2021 година од 56,3 трилиони американски долари на 60,6 трилиони американски долари, покажа најновиот извештај на ОЕЦД „Пазарите на пензиите во фокус“, што се објави на почетокот на годинава. Притоа, информациите зборуваат дека речиси две третини (64 отсто) или 38,5 трилиони американски долари од пензиските средства беа управувани од пензиски фондови.

Данска беше земја на ОЕЦД со најголем износ на пензиски средства во однос на БДП (233 отсто), потоа Исланд (219 отсто) и Холандија (213 отсто). Спротивно на тоа, и покрај некои зголемувања, пензиските средства сè уште изнесуваат еден процент од БДП или помалку на крајот на 2021 година во некои земји какви што се Албанија, Грција и Србија.
Дарко Саздов, член на Совет на експерти на Агенцијата за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), вели дека во моментов кај нас, парите во задолжителните приватни пензиски фондови се 15 отсто од БДП.

– Во трите задолжителни приватни пензиски друштва има околу 2 милијарди евра. Тоа се 15 проценти од бруто-домашниот производ и по банкарскиот сектор, ние сме втор по големина финансиски сектор во финансискиот систем на државата. Стабилноста на капитално пензиско осигурување е неприкосновена. Тоа се пари на индивидуални сметки на корисниците и тоа е нивна инвестиција за во иднина – изјави Саздов за „Слободен печат“.

Покрај пензиските фондови, кои имаат најголем удел во пензиските средства, на глобално ниво има и други видови заштеди за пензиски денови, а поинаков начин применува и Данска.

„Главните двигатели на пензиските системи, на светско ниво, и понатаму се пензиските фондови. Исто така, некои држави користат други начини на штедење за пензија какви што се договори за пензиско осигурување со друштва за осигурување (на пример Данска, Франција) или производи што ги обезбедуваат и ги управуваат банки и инвестициски компании (како, на пример, индивидуални сметки за пензија во САД“, пишува во Извештајот за капитално финансирано пензиско осигурување за 2022 година, подготвен од Агенцијата за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Во Вториот столб 71 отсто од македонското активно население

 

Според Извештајот, во 2022 година се зголеми и опфатот на населението во Вториот столб со сличен тренд како и претходната година (4% во однос на 2021 година) и достигна учество од 71% во вкупното активно население.

„Уште еден индикатор за важноста на капитално финансираните и приватните пензии во една земја е стапката на покриеност. Стапката на покриеност може да се измери преку бројот на активни членови на пензиските планови (лица кои имаат средства во пензиските планови и сè уште не се пензионирани) во сооднос со работоспособното население (лица на возраст од 15 до 64 години). Пристапувањето во пензиски план може да биде задолжително, доброволно или поттикнато преку автоматско вклучување. Достапните податоци покажуваат дека во 2021 година, во 15 од вкупно 30 истражувани земји, повеќе од 75 отсто од работоспособното население е опфатено во задолжителните пензиски планови. Највисоки стапки на покриеност се бележат во Данска, Финска, Исланд, Латвија и Шведска каде што скоро целокупното работоспособно население учествува во задолжителните пензиски планови. Во Латинска Америка, Чиле (84,3%) и Коста Рика (84,2%) бележат високи стапки на покриеност, што не е случај во другите земји, како, на пример, Колумбија (54,5%) и Перу (37,3%)“, пишува во Извештајот.

   

Најново

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Песков: Режимот во Киев се обиде да ја спречи парадата на 9 мај во Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски најави средба со Таравари, и вели дека Владата е стабилна

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест, основната плата не може да биде пониска од минималната плата

Sase Ivanovski

Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Релативно слаба излезност на изборите во Албанија, до 11 часот гласале 17,3 отсто од гласачите.

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на собранието во Приштина е прекината по четиринаесетти пат

Sase Ivanovski

Уапсен маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Пациентка го пријавила докторот Иса Муча од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Додик: Ќе го поканам Путин во Бања Лука кога меѓународната ситуација ќе дозволи

Sase Ivanovski

Божиновска: Граѓаните се наш приоритет – нема да дозволиме ценовни шокови

Sase Ivanovski

Низ сите општини низ Македонија од 9 мај па до денес (11 мај) се одвива масовната еколошка акција „Генералка викенд“

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…

Sase Ivanovski

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

Како влијае врз нас илузијата за совршенство на социјалните мрежи?

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Sase Ivanovski

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

Sase Ivanovski

Во Женева продолжуваат преговорите меѓу американската и кинеската делегација за царината

Sase Ivanovski

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација

Sase Ivanovski

Во Киев е на сила предупредување за напади со руски беспилотни летала

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Трамп за повикот на Путин за разговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Sase Ivanovski

Во Албанија почна гласањето за парламентарните избори

Sase Ivanovski

Путин е подготвен за преговори со Украина, предложи кога и каде да се одржат!

Sase Ivanovski

Денеска ќе се одржи 9. издание Скопје Трча 10КМ“, пријавени 1700 натпреварувачи

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сметајте на нас, пријателе, му порача Макрон на Зеленски

Sase Ivanovski

Едно движење на телото открива психопат! Можеби е пред вас без да знаете

Sase Ivanovski

Тие те сакаат vs Тие сакаат да ги почувствуваш (Бруталната разлика)

Sase Ivanovski

Мажите имаат 15 пати поголеми шанси да доживеат оргазам за време на секс

Sase Ivanovski

Коби Брајант: АКО САКАШ ДА БИДЕШ ОДЛИЧЕН ИГРАЧ, ИГРАЈ СЕКОЈ ДЕН

Sase Ivanovski

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Sase Ivanovski

Лидерите на Велика Британија, Франција, Полска и Германија пристигнаа во Кијив, за поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Нуркачи го чистат Охридското езеро од пластика, метал, мрежи и друг отпад

Sase Ivanovski

„Кликни безбедно“, прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан прогласија примирје

Sase Ivanovski

Започнаа Мајските оперски вечери во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ: ЈП Комунална хигиена Скопје ги демантира наводите на властите на општина Чаир кои во обид да ја покријат сопствената неспособност обвинуваат дека подигнувањето на комуналниот отпад во оваа општина се одвива нередовно

Sase Ivanovski

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Sase Ivanovski

,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

Sase Ivanovski

Дрвошанов: (Скандал) Фото – СДС одржува партиски состанок во училиште во Струмица, училницата претворена во штаб

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години

Sase Ivanovski

Отворањето на 53‑тите Мајски оперски вечери, кое се одржа на 9 мај 2025 година во Националната опера и балет, уште еднаш потврди дека овој фестивал останува најзначајната музичко‑сценска манифестација во Македонија

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Да го реализираме сонот за европска Македонија!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Стојкова Серафимовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предлага значајни иницијативи, во насока на зачувување на македонската посебност, идентитет и култура

Sase Ivanovski

Приведен возач во Гостивар затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Приведени тројца возачи од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Вевчани и Струга силно го поддржаа движењето ЗНАМ – Димитриевски со моќна порака до СДСМ: „Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка?“.

Sase Ivanovski

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар истакна: „На локалните избори носиме енергија и одговорност!“

Sase Ivanovski

Потребна е солидарност – очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Стаменкоска-Трајкоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи реформи, просперитет и добра иднина за Македонија, парламентарното мнозинство е стабилно

Sase Ivanovski

Општина Гостивар дел од акцијата „Генерална викенд акција – Лимани: Чист град е обврска и неопходна услуга за нашето здравје“

Sase Ivanovski

Лишен од слобода битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Sase Ivanovski

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже – Филипче се фаќа во сопствените лаги

Sase Ivanovski

Филипче: Верувам дека власта ќе го прифати законот за Кочани, ќе разговарам со пратениците

Sase Ivanovski

Д-р Никола Христов, кардиоваскуларен хирург во Клиника Жан Митрев – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

📢Клиниката Жан Митрев – Скопје, вработува администратор 🖥🗒

Sase Ivanovski

Технологијата која ја користи Жан Митрев Клиника овозможува прецизно следење на состојбата на кожата, со цел благовремено откривање на потенцијални ризици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) М-р Татјана Павлова – нутриционист во Клиника Жан Митрев зборува за културата на исхрана, здравите, но и лошите навики

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: TAVI/TAVR претставува процедура која помага да се замени оштетената аортна валвула на срцето преку катетер

Sase Ivanovski
Вчитувам....