24.8 C
Скопје
21/05/2024 21:30
МАКТЕЛ

  

     

 

Даштевски за МИА: Интензивно се подготвуваме за двојните избори на 8 мај, граѓаните ќе можат само еднаш да дојдат на гласање

      

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски во интервју за МИА вели дека интензивно се работи на подготовките за вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај. Даштевски ја објаснува постапката за гласање на изборите имајќи предвид дека за двојните избори гласачите ќе може само еднаш да излезат на гласање. Исто така тој ги повикува гласачите да го искористат своето право на глас на 8 мај достоинствено и без притисоци и да имаме фер, демократски и слободни избори.
-Сега со оглед дека се работи за вториот круг и некои работи веќе се завршени за вториот круг во првиот круг, уште подобро се одвиваат подготовките, дури и за викенд се работеше. Во петокот го утврдивме изгледот на гласачкото ливче кое ќе биде за вториот круг на претседателски избори, а овие другите за парламентарни веќе се печатат, при крај се записниците и другите доверливи материјали, така што веќе сме во добра подготовка, рече Даштевски.

   

Вратени се сите уреди за биометриска идентификација, се празнат, а потоа се ставаат податоците за вториот круг од изборите, додава претседателот на ДИК, потенцирајќи дека лицата ангажирани за изборите работеле напорно и за време на викендот за да може навреме се да биде завршено. Даштевски ја нагласува и позитивната оценка што ДИК ја доби од ОБСЕ/ОДИХР.
-Значи, многу работа, меѓутоа се надевам дека бидејќи во првиот круг испадна се’ добро, еве јас малку би рекол тука – мора да се каже дека една од ретките светли точки ако не и единствена во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е пофалбата за ДИК дека добро ја извршила својата работа, што не беше случај со другите државни органи. Значи, кога ќе се стават вистински луѓе на вистински места може да се заврши добро работата што би требало да биде пракса кај нас, да не биде исклучок, изјави тој.

 

Државната изборна комисија донесе упатство со кое им укажува на гласачите дека на 8 мај на гласање ќе може да излезат само еднаш. Даштевски за МИА детално ја објаснува постапката за гласање, потенцирајќи дека на граѓаните треба да им се објасни дека имаат право да гласаат за двата вида избори или само за парламентарни или само за претседателски избори. Тоа, вели, треба добро да се објасни бидејќи за претседателските избори има цензус.

   

     

– И тоа упатство е дека фактички граѓанинот ќе може да дојде само еднаш и да гласа и за двата избори и кога ќе дојде постапката прво ја дава личната карта да се види дека е тој, потоа оди на биометриска идентификација, потоа го бараат во списокот да го заокружат и му даваат ливчиња. И после оди гласа. Е сега кога ќе дојде и кога ќе го праша овој што е на уредот ќе го праша дали сакате да гласате за едни, односно за првите за претседателските или за парламентарните или сакате да гласате за двата и за претседателските и за парламентарните, бидејќи тоа после нема да можете да го направите. И претпоставувам дека најмногу ќе гласаат за двата, а може да се случи и само за парламентарните бидејќи знаеме дека излезноста и интересот таму е многу поголем. Но не смее да се, мене ме прашуваат луѓе, да се доведе човекот во заблуда бидејќи ако ве прашаат прво дали сте за едните па за другите вие може да кажете па јас сум за парламентарни, значи треба добро да се објасни за да има цензус нели, значи треба добро да се објасни дали сте за претседателски, дали сте за парламентарните и дали сте за двата, за човекот да не помисли дека поважни му се едните од другите туку да знае дека има право да гласа и за двата избори и така да направиме и цензус, вели Даштевски.

Претседателот на највисокото изборно тело во државата вели дека и на 8 мај вечерта, резултатите од изборите би можеле да се знаат до полноќ, имајќи ги предвид промените што ДИК ги направила во изминатиот период, но и искуството од изминатите избори.
-Ние презедовме мерки на овие избори и тие мерки се состојат во зајакнување на хардверот за да може во исто време да прима повеќе информации, понатаму во обучување на повеќе луѓе на терен. Значи, сега беа обучени некаде околу 1.700 луѓе да внесуваат, обезбедивме за сите тие 1.700 лаптопи во соработка со Државниот завод за статистика, обезбедивме таблоиди наместо компјутери некаде за да одат побрзо податоците и сега тоа е втората работа. Илјада и седумстотини луѓе тоа е скоро на две места по еден, а знаеме дека, нели во школите има и по три-четири (избирачки места), така што тоа беше втора работа. И трета работа, самиот внес го скративме. На пример, 13 имаше важни графи, сега го скративме на седум да се внесат кои се многу битни и тие да се испратат, така што дупло се намалува времето кое би се потрошило за внесување и сега сакаме тоа уште повеќе да го подобриме за вториот круг. Морам да кажам дека со оглед дека се двојни избори не може да биде толку ефикасно, меѓутоа секако дека ќе биде прилично ефикасно и во вториот круг, посочува Даштевски.

Тој потенцира исто така дека за да се забрза изборниот процес во избирачките места во секое време ќе има по седум наместо пет лица, како претходно, а за броењето на резултатите да бидат сите присутни.
-Сите членови се прилично подготвени за извршување на своите обврски. Мислам дека ќе испадне во вториот круг исто како во првиот, вели Даштевски.

Имајќи предвид дека ни претстојат и велигденските празници, а роковите за изборите се поклопуваат со овие денови, претседателот на ДИК вели дека одредени активности ќе бидат завршени порано, за да може изборната администрација и лицата ангажирани во изборите чиј број инесува над 35.000 да можат на овој празник да бидат со семејствата.
-Ние одлучивме заради велигденскиот празник да го помеместиме малку рокот и наместо сабота и недела како што беше минатиот пат да носиме доверлив материјал во петокот и саботата иако и тие се на некој начин празници – Велики петок, Велика сабота, ние одлучивме барем денот Велигден најголемиот христијански празник да им го оставиме на луѓето да се релаксираат за сите, рече Даштевски. Работата, вели тој, повторно како и во првиот круг од изборите ќе биде завршена ефикасно бидејќи тие работат постојано вклучувајќи ги и викендите.

Даштевски очекува смета дека и вториот круг од изборите ќе помине во најдобра атмосфера.
-Јас повеќе пати сум зборувал дека ние нашето треба да го завршиме бидејќи ние не можеме да знаеме дали на некој ќе му текне нешто да прави или не и како ќе се однесуваат другите учесници во изборите, меѓутоа од она што го видовме моја лична проценка е дека најверојатно ќе помине слично како во првиот круг со тоа што имаме малку подолго, може редови да се створат и тоа ќе се менаџира тоа. Јас реков и на пресот дека делува така дека ние нешто посебно не преземаме, но ние сме во перманентен контакт со нашите координатори наши, раководителите на сектори, со општинските изборни комисии каде што има проблем дури и со избирачките одбори ако има потреба и постои одговорност, постои и дисциплинска и кривична одговорност, рече Даштевски.

Претседателот на ДИК упати порака до гласачите да придонесат за слободни, фер и демократски избори.
– Порака до гласачите да излезат повторно мирно, достоинствено да го дадат својот глас за онаа партија за која одлучиле тие без притисоци, да не трпат, слободно да го дадат својот глас, фер, демократски, слободни избори, така што да покажеме дека сме на високо ниво на свеста и дека знаеме што е демократија и ја применуваме на дело, порача Даштевски.

За гласањето за претседателските избори во дијаспората, каде имаше мал број пријавени, а гласаа уште помалку, претседателот на ДИК вели дека има свое мислење, но смета дека тоа треба да се реши во согласност на најголемите политички партии и да се реши во органите каде што треба – во Министерството за правда и подоцна во Собранието.
-Значи, ние сега немаме гласање во дијаспората за парламентарни, а за претседателски имаме на пола ДКП во пола земји и тие се со многу мал број на гласови. Значи, 570-580 во Германија тоа е максимумот, така што 2.400 во цел свет ДКП-еа а од тие пола гласале, што значи дека ефикасноста е нула. На пример, во Пекинг вие праќате 10 души, а 12 се пријавени, од тие 12 мислам девет гласале, така што помалку гласале отколку што има таму присутни. Така што мислам дека треба да се смени тоа не за друго, туку навистина треба да се најде некој метод во кој дијаспората ќе се пријави, ќе гласа и ќе си биде застапена во Парламентот и ќе одлучува за проблемите кои ги има таму, односно овде кога ќе дојдат луѓето. Така што, тоа останува да се види после изборите, бидејќи сега е завршена работа и ќе одат на втор круг претседателски бидејќи за парламентарни нема доволен број и се гласало, рече Даштевски.

    

Најново

Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Sase Ivanovski

АДВОКАТИТЕ ГИ НАПОЛНИЈА ГАЌИТЕ, КЛАСИЧНА МАКЕДОНСКА РАБОТА, ОВА Е НЕЗАМИСЛИВО НА ЗАПАД: Ниту еден од тројцата адвокати по избор на Палчо не прифатиле да го бранат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Липково паѓаше град со големина на орев

Sase Ivanovski

Палевски: Не бев во бегство, не смеам да говорам поради истрагата

Sase Ivanovski

МИЛИЈАРДЕРСКИ ПИКНИК НА ПУСТ ОСТРОВ

Sase Ivanovski

Нека ви се среќни раните „јунаци“

Sase Ivanovski

Избрана делегација: Почнува истрагата за падот на хеликоптерот на иранскиот претседател

Sase Ivanovski

Трка на херои во сите бои: Зегин спектратон ќе се одржи на 9 јуни во паркот „Аеродром“

Sase Ivanovski

Мидлтон ја нема два месеци, а „љубовницата“ на Вилијам е се почесто покрај Камила, а го „турка“ и својот син

Sase Ivanovski

Турција прогласи ден на национална жалост по смртта на иранскиот претседател

Sase Ivanovski

Катимерини: Атина го чека следниот потег на Скопје

Sase Ivanovski

Двојно зголемување на бројот на претставки до КСЗД – сексуалната ориентација и етничката припадност меѓу најчестите основи за пријава

Sase Ivanovski

Костадин Костадинов Денот на македонските пожарникари

Sase Ivanovski

ЕМИНЕМ ЈА ОЖЕНИ ЌЕРКАТА ЗА КОЈА НАПИША МНОГУ ПЕСНИ

Sase Ivanovski

Како настана Бољи живот, најгледаната ТВ серија на Балканот во историјата

Sase Ivanovski

ТРИФУН КОСТОВСКИ: Добивме нов претседател, поточно претседателка и очекуваме нова влада, која што во најкус период треба да го преземе водството во нашата Македонија и да ни даде нова насока кон постабилна иднина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Афричката Северна Кореја се вика Еритреја

Sase Ivanovski

Бајден: Барањето за апсење на Нетанјаху е изедначување на Израел и Хамас

Sase Ivanovski

Јаулески: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Sase Ivanovski

Меџити: Помеѓу Груевски и Заев повторно би го бирал Заев

Sase Ivanovski

УКРАНСКИТЕ ДРОНОВИ ЈА УНИШТИЈА РУСКАТА ФЛОТА ВО ЦРНО МОРЕ, НАЈНОВА ЖРТВА Е НОСАЧОТ НА КРСТОСУВАЧКИ РАКЕТИ ЦИКЛОН

Sase Ivanovski

На Албанците дајте им леб, за “игрите” сами ќе се снајдат!?

Sase Ivanovski

Ерусалим: Илјадници демонстранти протестираат против Владата на Бенјамин Нетанјаху пред Кнесетот

Sase Ivanovski

Маж се фрлил во Вардар од Мостот на цивилизацијата кај Камениот мост во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

ДРАМА ВО ПРИЛЕПСКО: Му ја искршиле кафеаната, му го украле возилото и го запалиле

Sase Ivanovski

Судењето против Трамп се ближи кон завршница, со уште еден ден сведочење на Коен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 75 ГОДИШЕН БРИТАНЕЦ ЗАГИНА А 30 ПАТНИЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО АВИОН НА СИНГАПУР ЕРЛАЈНС ПОРАДИ ТУРБУЛЕНЦИИ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТОТ

Sase Ivanovski

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“

Sase Ivanovski

Керим: Пораката на Сиљановска Давкова беше за мнозинството граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција

Sase Ivanovski

ОЈО ГОКК бара мерки на претпазливост за Иџет Мемети, меѓу кои и одземање на пасошот

Sase Ivanovski

Мајк Зафировски за Преспа: Дали е мудро повторно да се отвора прашањето со Грција?

Sase Ivanovski

Сообраќаен хаос во Клиничкиот центар во Скопје

Sase Ivanovski

Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина

Sase Ivanovski

Џенет Јелен ќе ги повика САД и Европа да дејствуваат заедно за користењето на замрзнатите руски средства

Sase Ivanovski

ЗНМ: Осуда за обидот за цензура од страна на директорката на Токсикологија

Sase Ivanovski

Уапсениот судија има имунитет, Судскиот совет ќе одлучи дали ќе му го одземе

Sase Ivanovski

Судијата Наке Георгиев не бил уапсен во Врховен, но претрес е направен и во неговата канцеларија

Sase Ivanovski

Економската директорка на Токсикологија им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите

Sase Ivanovski

Полициска акција на северот на Косово, затворени шест филијали на Поштенската штедилница на Србија

Sase Ivanovski

Мелони пречека осуден убиец со раширени раце

Sase Ivanovski

Технички дефект е причината за падот на хеликоптерот со иранскиот претседател

Sase Ivanovski

30 дена притвор за врховниот судија Наќе Георгиев

Sase Ivanovski

Меџити: Кој губи има право да се лути

Sase Ivanovski

Керим: Не може Грција да не го применува „преспанскиот“, а да го бара тоа од Македонија

Sase Ivanovski

Врховниот судија Наке Георгиев спроведен во Кривичен, ќе се одлучува за неговиот притвор

Sase Ivanovski

Седуммина повредени во синоќешната сообраќајка на „Водњанска“

Sase Ivanovski

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љупчо Палевски – Палчо негира дека ги убил Вања и Панче

Sase Ivanovski

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

Sase Ivanovski

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА – нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

Sase Ivanovski

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

Sase Ivanovski

„НИТУ ПОРАЗОТ НА ИЗБОРИТЕ НЕ ГИ ЗАУЗДА ВО ТРОШЕЊЕТО“ Петрова од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата во заминување за огромни расходи

Sase Ivanovski

ПОТРЕБНИ СЕ БРЗА ТРАКА КОН ЕУ И БРЗ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Мицкоски се сретна со амбасадорката на Германија

Sase Ivanovski

ИМАМОТ БИЛ ЖИВ ЕДЕН ЧАС ПО НЕСРЕЌАТА Се обидувал да го спаси Раиси

Sase Ivanovski

ПОБЕДА НА АСАНЖ ПРЕД ЛОНДОНСКИОТ СУД Основачот на Викиликс доби право на жалба против екстрадицијата во САД

Sase Ivanovski

НАПАДНАТА РУСКА НАФТЕНА РАФИНЕРИЈА Украина ги засилува нападите на руска територија

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Кре­а­тив­на ра­бо­тил­ни­ца за сред­но­школ­ци: “За­поз­на­ва­ње со по­ет­ски­от уни­вер­зум на Ан­те По­пов­ски”

Sase Ivanovski

Сајкоски по земањето на уверенијата од ДИК: До 28 мај очекуваме да се формира собранието, а до средина на јуни нова влада

Sase Ivanovski

Герасимовски: Мотивиран кадар во градинките дава резултати

Sase Ivanovski

Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

Sase Ivanovski

ОСНОВАЧОТ НА СЛАВНОТО ИРСКО ВИСКИ JAMESON ИМАЛ 16 ДЕЦА, 8 МАШКИ И 8 ЖЕНСКИ

Sase Ivanovski

ДАЛИ Е ФЕМИНИЗМОТ ЗА ДОБРОТО НА ЖЕНИТЕ?!

Sase Ivanovski

Вртелешките вртат на приватен имот пред СЦ „Борис Трајковски“, Градот и Општина Карпош не биле надлежни за дозвола

Sase Ivanovski

Надлежните со брза реакција, се демонтираат реквизитите во Луна паркот кај СЦ „Борис Трајковски“

Sase Ivanovski

„Радикално навивање“ вечерва во МКЦ

Sase Ivanovski

СО АМЕРИКАНЦИТЕ, САМО СРБИТЕ ИГРААТ КОШАРКА И ОДАТ ВО ВОЈНА: Женскиот тим до 16 години на САД го победи Ел Салвадор со 100 разлика!

Sase Ivanovski

Османи од Рим: Членство во ЕУ пред 2030-та и 6 милијарди евра за наредните години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЛБЕРТ МУСЛИУ: УМРЕ ВРЕМЕТО КОГА МАКЕДОНЦИТЕ ОДЛУЧУВАА КОЈ ЌЕ ГИ ПРЕСТАВУВА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАСТА

Sase Ivanovski

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод, кој наместо да гони криминал, се занимавале со криминал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДАЦИ: АМЕРИКАНЦИ УАПСЕНИ ОТКАКО СЕ ОРГАНИЗИРАЛЕ НА ФЕЈСБУК И СЕ ОБИДЕЛЕ ДА НАПРАВАТ ДРЖАВЕН УДАР ВО КОНГО?!

Sase Ivanovski

ЗА БАРАЊЕТО НА АФД: Германија би претрпела сериозна штета доколку ја напушти Европската унија, велат германски експерти

Sase Ivanovski

(Видео) Започна погребот на иранскиот претседател Раиси

Sase Ivanovski

Бајден: Барањето за апсење на Нетанјаху е изедначување на Израел и Хамас

Sase Ivanovski

Германскиот принц на судење за заговор против државата: Групата се обидела да изврши државен удар во Германија

Sase Ivanovski

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е нов голман на Валенсија. Оваа вест ја потврди Фабрицио Романо, кој е експерт за трансфери на фудбалерите во Европа

Sase Ivanovski

Амал Клуни го советуваше Хаг да издаде налози за апсење за Нетанјаху и лидерот на Хамас

Sase Ivanovski

“Нити знам што правел Наќе нити сум бил кога му давале пари“ им се правдал Мемети на колегите од работа

Sase Ivanovski
Вчитувам....