Вчера во село кај Гостивар е уапсен 72-годишен човек кој е осомничен дека со нож ги бодел кравите на сопствениот брат, од кои една не го преживеала нападот, соопшти МВР.
„На 03.06.2025, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.О.(72) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет повредил две крави на неговиот 62-годишен брат, од кои едната починала. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.