МАКТЕЛ

     

Да се воздржиме и да дочекаме правда

      

Знам дека не е време за било какви писанија, знам дека сите имаме гнев, тага, лутина, очај. Знам дека сите на момент чувствуваме самовина за се ова што се случува изминативе 35 години. Македонија не е млада демократија, Македонија не е нова држава. Мааните и нефункционалноста се таложееа 35 години, без ничија одговорност. Пред да кажам што мислам, сакам да изразам најдлабоко и најискрено сочувство до семејствата и до блиските на сите загинати, но и до целата држава. Тагува целата држава. Знам дека е капка во морето, но сепак да го кажам. Два дена се чувствувм како без компас и се преиспитувам, како и целиот народ, зошто кај нас се случуваат сите црнила и што треба да се направи тоа да прекине. Болката и тагата се поголеми, затоа што и јас изгубив во тој пожар некој што ми беше добар пријател и човек којшто сите го сакаа, Андреј, човекот за кој имам многу да кажам како го доживував, човекот кој сите го сакаа.

Преголема е и болката што ја чувствуваме за сите загинати кои се нечии деца. Како родител, тоа ти дава дополнителен момент да ја споделиш болката на ожалостените. Непрекинато се молам сите повредени да бидат добро и да нема повеќе ниту една жртва, а искрено и од срце се молам и за мојот другар и пријател Панчо, како и за сите останати. Бог да е со вас. Скопје еднаш беше град на солидарноста во 1963 година, целиот свет прати помош. Кочани сега е град на солидарноста, цел свет праќа помош. Македонија стана држава на солидарноста. Зошто? Зошто секогаш некој да се солидаризира со нас? Е па сега е моментот да се воздржиме и да дочекаме правда. Сега е моментот да го поддржиме и да се приклучиме кон менувањето на криминално-коруптивниот систем. Зошто го пишувам ова? Можеби некој на прва ќе ме нападне, обвини, но јас моето мислење ќе го споделам токму денес, во кое искрено и длабоко верувам. Верувам во она што почна и што следи. Верувам и ќе верувам и имам причина да верувам, а искрено до сега вербата не ме изневерила.

   

Верувам дека почна коренита промена на системот пред 8 месеци. Верувам дека свеста за промена и борбата со корупција на премиерот и со се што е труло во системот, полека, но сигурно, се прелева и по останатите слоеви надолу. Се боревме сите за промени, за одговорност и за промена на системот. За тоа гласавме и за тоа ја добивме довербата. Тоа се случува. Но, што попрво? 35 години талог и шљам не се чисти за 8 месеци. Верувам во него, верувам во истрагата и знам дека ќе има разрешница без „наши и нивни“, туку разрешница со виновни и невини. Верувам, затоа што и јас изгубив некој што ми значел како пријател, другар и човек во овој пожар и гневен сум на целиот лош систем што ги поставил работите да дојде до ова, сакам одговорност и правда, но сега не е време и место да се покаже насилие. Знам, сум бил млад, сум сакал револтот да го покажам преку изливи на анархистичко однесување итн, тоа е порив кај секој млад човек, да биде гладен за правда и тоа да го искаже повеќе или помалку рационално. Но, не е време и место да се покаже гнев со насилни протести, со барање оставки и барање „глави“, за кои истрагата треба да покаже каков удел имале во целиот процес што довел до ова.

Зошто го велам ова? Во истиот ден цела Влада се крена на нозе, институциите отворија обемна истрага и веќе 20 луѓе се собрани. Брза реакција, истрагата уште трае, ќе се расчисти се. Никогаш претходно немало таква брза реакција со апсења на министри, директори, „ухлебани“ службеници со секоја власт. Излезен е на виделина поривот за правда да ги сруши и оние за коишто целата јавност мисли дека се недопирливи. Бидете разумни и свесни сите, транспарентно и отворено се води се. Борбата е за секој човечки живот да се спаси од повредените, но и секој загинат да ја добие правдата со менување на системот и одговорноста. Пак ќе кажам, верувам и имам причина да верувам и вас ве уверувам дека време за протести има – а, тоа е, ако не се донесе правдата. Сега за сега, правдата е тука, присутна и системот коренито почнува да се менува. Немојте да подлегнувате на хушкања од политички структури, да ви го киднапираат и насочат револтот. Политичари од типот – бараме оставки од Владата, Владата да падне, ќе кољаме, ќе бесиме – не дозволувајте да Ви го управуваат бесот и гневот кон системот што сите наназад со години го премолчувале и одобрувале, само и само за да имаат пратеник плус во Собрание или да воскреснат партија од мртвите која што пропадна последните избори. Хушкањето на протести за конкретниот случај е страв од коренитите промени кои се случуваат и тоа што многу луѓе ќе одговараат од изминативе години што довеле до овој хаос. Тие што хушкаат на протести и насилие по социјалните мрежи од политички инструирани структури, се истите што сакаат се да биде – како до сега.

За 8 месеци Мицкоски и ВМРО покажаа дека кога системот се менува нема ваши или наши, македонци или други. Има виновни кои ќе одговараат. Македонија беше земја во стечај, која пред 8 месеци доби управител што ја враќа на прав пат на успех. Почна да ги чисти тие што ја довеле во стечај и тоа им смета на истите. Затоа верувам и треба сите да се воздржите од секакви коментари и да верувате. Правда ќе има, како што ги стига шверцерите, како што ги стига трујачите, како што ги стига перачите на пари, како што ги стига криминалците што ја цицале државата, ќе ги удри од земја и овие што довеле до тука. И да, некаде прочитав дека системот ги изгоре, цел свет ни ги лекува повредените. За да го смениме системот, сите треба да ги поддржиме промените кои се случуваат и ги прави Владата, за потоа да направиме нов систем сите заедно каде што ќе тргнеме сите од себе и нема да бараме повеќе за ништо „врски“ и да ни се прогледува низ прсти, за да не бидеме повеќе држава на солидарноста, туку ние да бидеме тие што ќе искажуваат солидарност, ќе праќаат лекари да лечат настрадани кога ќе се случат несреќи низ светот и ќе му вратат на светот со солидарност, за солидарноста што до сега ја добивавме.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....