23.8 C
Скопје
25/06/2025 22:39
МАКТЕЛ

   

Да се купува стан или да се чекаат подобри времиња?

      

Прогнозите на бизнисмените од областа на градежништвото се дека цените ќе стагнираат, но тешко дека ќе паднат. Од агенциите за недвижности очекуваат затишје до октомври, а потоа нов пораст на цените. Да се купува стан по секоја цена или да се почекаат подобри времиња, кога можеби цената на недвижностите значително ќе падне? Ова е една од главните дилеми со кои се соочуваат граѓаните коишто се во потрага по нов дом, викендичка или недвижност за издавање, откако цените на становите изминатиот период достигнаа неверојатни височини.

На атрактивни локации, во центарот на Скопје, или на крајбрежјето на Охридското Езеро, цената за квадратен метар скокна и над 2.000 евра, со што за многумина и купувањето на гарсониера остана само пуста желба. Становите од 40 и 50 квадратни метри во новите згради се продаваат веднаш. Послаб е интересот за стари згради, каде е потребно реновирање, а нема голем интерес ниту за купување на куќи. Прогнозите на бизнисмените од областа на градежништвото се дека цените ќе стагнираат, но тешко дека ќе паднат. Од агенциите кои се бават со продажба на недвижности очекуваат затишје до октомври, а потоа нов пораст на цените.

   

Покрив над глава по разумна цена
Дали ќе може во иднина да се обезбеди покрив над глава по разумна цена – е дилемата која што се наметна деновиве по најавите на директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев, дека цената на становите во следниот период ќе се намалува благодарение на намалувањето на цените на градежните материјали.

„Според она како што се движи сега, има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат надолу. Ние сме државна фирма кои сме и регулатор на цената и затоа за брзо време ќе почне градба во старата воена пекарница, па така ќе можеме во ова лудило во државата и во целиот регион да бидеме некаков регулатор за цената на квадратен метар. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад“, рече Ѓоргијев (19.04) по увидот во градежните работи за изградба на социјална зграда во Општина Бутел.

Засега нема информации колку ќе изнесува цената на становите за квадратен метар. Ѓоргијев смета дека трендот на енормно зголемени цени за квадратен метар се забележува не само во државата, туку во регионот и во цела Европа, но во периодот што следува се очекува намалување.
Нереални очекувања Но, бизнисменот Никола Велковски од Здружението на градежништво при Стопанската комора на Македонија (СКМ) не очекува пад на цените. „Може да има стагнација на цените, но не и да паѓаат“, вели тој за ДВ. По рекордниот раст на цените на недвижностите во 2022 година, тешко е да се очекува дека цените на становите можат драстично да паднат. Иако се забележува пад на цените на материјалите за градење, растат цените на работната рака.

„Работници сѐ потешко се наоѓаат, а проблемот можеби уште повеќе ќе се продлабочи со изградбата на коридорите, кога голем дел од работната сила би можела да биде ангажирана на тој проект“, вели Велковски.Токму работната сила се очекува да ја држи висока цената на становите. „Нема доволно квалификувани работници. Во полоша состојба сме од Германија, бидејќи не можеме да увеземе квалитетна работна сила – немаме како да ги привлечеме, ниту да им понудиме високи плати“, вели градежниот експерт.

И Донка Филиповска од агенцијата за недвижности „Бастион“ за ДВ вели дека се нереални очекувањата оти цената на становите ќе паѓа. „За жал нема да одат надолу, туку напротив – ќе растат. Моите очекувања се дека ќе има стагнација до наесен, но потоа, од Нова Година, нѐ очекува нов бран на зголемување на цените на становите“, вели таа. Ваквиот тренд, смета таа, ќе биде резултат на зголемувањето на даноците во градежништвото.

Трендови
Цените на становите пораснаа по пандемијата и пред големата инфлација во 2022 година. Во анализата на Фајнанс тинк „Животен стандард на тенка линија“ се наведува дека овој раст главно се должи на растот на цените на суровините за градежништво, но значајна улога игра и побарувачката. Четвртиот квартал од 2022 година бележи раст од 20,6% на цените на станови, додека за целата 2022 година цените на становите пораснаа за 17,8%. Рестриктивната монетарна политика може да предизвика намалување на побарувачката, а со тоа и намалување на цените на недвижностите, се посочува во анализата.

Но, пазарот на недвижности не мирува. Иако се чувствува спласнат интерес во споредба со минатата година, кога побарувачката за станови доживеа бум, граѓаните сѐ уште се во потрага по нов дом, но и по станови и дуќани коишто планираат да ги користат за комерцијални цели.
Дел од градежниците се обидуваат да ја зголемат цената, па во недостиг на понуда на квалитетни станови, граѓаните често се одлучуваат да платат и поскапо, само за да ги избегнат главоболките со реновирање на домот. Со тоа граѓаните се тие коишто всушност и ја одржуваат ваквата вртоглава цена на становите, особено во главниот град.

Побарувачката ја крева цената
„Побарувачката ја крева цената, а побарувачка за станови сѐ уште има. Трендот почна од минатата година, кога граѓаните почнаа да ги повлекуваат парите од банките и да ги вложуваат во недвижности. Таков е трендот и во другите европски држави“, вели Велковски.
Нема застој ниту во градежната инвазија. Граѓаните во моментов гледаат поволна шанса да ја продадат секоја педа земја која што ја имаат, а не ја користат, што е шанса за инвеститорите, кои веднаш започнуваат со изградба на нови згради.

Притисокот за купување станови е најголем во главниот град, но интерес има и за внатрешноста на земјата, каде исто така се забележува тренд на пораст на цените на становите.Донка Филиповска од агенцијата „Бастион“ за ДВ вели дека најмногу се бараат станови од 40 до 50 квадратни метри, во централното градско подрачје или во некои поатрактивни населби. Во центарот на Скопје квадратот лесно достигнува цена и над 2.000 евра. Поголемите станови потешко се продаваат, а цената за нив се движи од 1.500 до 1.700 евра, во зависност од тоа колку е зачуван станот.

„Центар, Дебар Маало, Капиштец, Тафталиџе, Козле, Аеродром и понатаму се најатрактивни локации на кои се бараат станови. Поретко има интерес за купување на стан на Водно“, вели Филиповска. Се купува уште додека зградата е во изградба, но нема еуфорија како што имаше минатата година.„Куќи многу помалку се продаваат, оти нема секој можност и средства да купи таков имот. Особено младите двојки бараат помали станови, кои се поедноставни за одржување“, вели Филиповска.

Шампион во градење нови станови
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година се издадени 352 одобренија за градење, што е за 40,8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите е за 258,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
„Карпош е на првото шампионско место со 523 стана предвидени само во месец февруари 2023, во јануари имало 151, а во октомври 129 стана. Потоа следува Аеродром со предвидени 253 стана во месец февруари 2023 и 215 во јуни 2022. Гази Баба и Центар се тука некаде заедно, Гази Баба со 180 стана во април 2022, 168 во декември 2022, 118 во ноември 2022, а Центар со 124 стана во ноември 2022, 102 во февруари 2023 и потоа скоро секој месец дали 60, дали 30 или 40 стана.

Во Чаир се предвидени 132 стана во јули 2022, во Кисела Вода 94 во јуни 2022, а во Ѓорче Петров 67 во мај 2022. Во Скопје продолжуваат да никнуваат нови згради со нови станови во истите општини каде и претходните години се градело“, посочуваат од невладините организации.

Над 307.187 или 36,6% од становите зјаат празни, додека 531.987 или 63,4% се населени, покажуваат податоците од последниот Попис во 2021 година на Државниот завод за статистика. Некои од становите се испразнети поради иселување, а други, пак, се купуваат како инвестиција. Најголем број станови за „резерва“ се купувале во главниот град – 59.300, а најатрактивни се скопските општини Центар и Карпош, каде има над 20 илјади станови без станари. Охрид е втор град на листата со станови во кои не живее никој. Според статистиката, во овој туристички град има 17.820 празни станови, додека во Струга – 10.153. Во Битола, пак, се евидентирани дури 16.063 станови без домаќини.

   

Најново

Зеленски: Му ја објаснив ситуацијата на бојното поле на Трамп, Путин дефинитивно не победува

Sase Ivanovski

Змија касна жена во Словенија, починала пред да стигне во болница

Sase Ivanovski

Руте: Ништо не е променето, НАТО останува посветен на Западниот Балкан

Sase Ivanovski

РУСИЈА ОФИЦИЈАЛНО ИМА ГРАНИЧНО ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ЛИЧНОСТА – БПД: Медведев: ЕУ се претвори во вистински непријател на Русија

Sase Ivanovski

Во Грција уапсени 39 лица за трговија со антиквитети

Sase Ivanovski

ИМАЛО КУРТУЛ Пеколно уште некој ден, најавено невреме со заладување

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Sase Ivanovski

Бојковски: Скопје се дави во ѓубре и тоа е поважна тема од јавниот линч што го правите против претседателот на Управен одбор на Комунална Хигиена

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛЦИТЕ СЕ ОПАСНИ: Иран со најмалку 627 загинати и 4.870 повредени во 12-дневниот конфликт со Израел

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ОХРИД ИМА БРАТ БЛИЗНАК – КАВАЛА ВО ГРЦИЈА

Sase Ivanovski

ТЕШКО НА СВЕТОТ АКО РАШИСТИТЕ ТРЕБАШЕ ДА ГО СПАСУВААТ ОД ВОЈНА – ЧАСОВНИКОТ НА СУДНИОТ ДЕН ОТЧУКУВА, А РУСИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГО ВРАТИ ВРЕМЕТО Кремљ сака да спречи нуклеарна катастрофа, вели Лавров

Sase Ivanovski

НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГОГА Е НА ТАПЕТ

Sase Ivanovski

ЛАЈКА: Се зголемува бројот на напуштени кучиња на територија на гробиштата Бутел – неодговорното сопствеништво создава сериозни последици

Sase Ivanovski

Чим Мелони не превртува со очи значи добро им оди муабетот, Тимчо за нив двете е Шекил Онил

Sase Ivanovski

ТУРЦИТЕ ЈА ПРЕГАЗИЈА И ИТАЛИЈА И СЕ НА ПАТ ДА НАМЛАТАТ МНОГУ ПАРИ: Турција е на четврто место во светот според број на туристи

Sase Ivanovski

Иран: Најмалку 627 луѓе загинаа во израелските напади за време на 12-дневниот конфликт

Sase Ivanovski

ЕУ гарантира дека ќе овозможи кредити од 60 милиони евра за одржлив раст на малите бизниси во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во Хаг оствари средби со претседателот на Чешка и со премиерите на Естонија и Белгија

Sase Ivanovski

НЕМИРНА НОЌ ВО ОХРИД Нов земјотрес ги разбуди охриѓани

Sase Ivanovski

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ТРУЕЊЕ СО ХРАНА НА ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ? Агенцијата за храна апелира во жешките денови да се внимава на животните и милениците

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување на ЕУ

Sase Ivanovski

Руте: Новиот инвестициски план на НАТО ќе поттикне квантен скок во колективната одбрана

Sase Ivanovski

Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте

Sase Ivanovski

Видео: Гаф на Сиљановска потпретседателот на САД наместо Џеј Ди Венс го нарече Диџеј Венс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ РАСПАЛИ: Тоа што Русија и го прави на Украина, тоа Бугарија ни го прави на нас!

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши од Желино: Нова енергија и 40 милиони евра за локалната економија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЛИУ: Докторите се радуваат што ќе се паркираат во Лимак затоа што имаа скапи коли и никој нема да им ги изгребе

Sase Ivanovski

Мицкоски: Очекуваме до милион и пол туристи во Македонија, туризмот го движи економскиот раст 

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Реализирани се 11 проекти во Клиниката за детски болести во делот на инфраструктурата и набавка на модерна медицинска апаратура

Sase Ivanovski

ПОЛСКАТА ВЛАДА ДОНИРАШЕ 29.000 ЕВРА ЗА НОВИ СЕДИШТА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Sase Ivanovski

СДК: ИЗВРШИТЕЛИ ВЛЕГОА ВО КУМАНОВСКА „ЧИСТОТА“ ПОРАДИ ДОЛГ ОД 200.000 ЕВРА КОН ВРАБОТЕНИТЕ, ПОПИШАНО И БИРОТО НА ДИРЕКТОРОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА: Трамп беше импресиониран од мојата забелешка дека тој е новиот Џон Ф Кенеди, ЏД Венс вети дека ќе ја посети Македонија

Sase Ivanovski

Во тек е постапката за купување на 110 електрични автобуси

Sase Ivanovski

Секој петок средба на Алиу со граѓани – закажувањето ќе се врши преку веб-страницата на Министерството за здравство

Sase Ivanovski

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСТРАЖИ ДАЛИ ПАЛЧО И ОСТАНАТИТЕ ИМАЛЕ ЛОГИСТИКА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ Туфегџиќ повтори дека не е одговорено клучното прашање – зошто е убиена Вања

Sase Ivanovski

Мицкоски: Законот за правична застапеност можеби уште денеска ќе биде испратен до Венецијанската комисија

Sase Ivanovski

Тошковски: Работниот однос на полицајците опфатени со истрагата за „Пулс“ е во мирување

Sase Ivanovski

Владата не се откажува од Вардарска долина, а знае дека не може да гради хидроцентрали каде што ќе минува брза пруга

Sase Ivanovski

„Фордо“ во Иран е 90 метри под планина, масивните бомби на САД продираат до 60 метри во подземни мети – стручњаци сметаат дека напад на локацијата во Иран би можел да биде фијаско

Sase Ivanovski

Макрон: Апсурдно е да се бара од Европа да троши повеќе додека е во трговска војна

Sase Ivanovski

Мисајловски: Одлуката за зголемување на инвестициите во одбраната ќе значи нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни војници

Sase Ivanovski

Порастот на температурите ги зголемува ризиците од труење со храна, да се направи правилен избор при нејзина набавка

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: На Самитот во Хаг потенцирав дека верувам во збогум оружје и во насушната потреба од траен мир

Sase Ivanovski

Во Скопје ќе се суди за пожарот во „Пулс“, одлучи Врховен суд

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани и ректорот на ИБУ проф. д-р Сунар, потпишаа Меморандум за соработка во контекст на евроинтеграциите

Sase Ivanovski

Канзуров: Кандидатот на СДС во Аеродром – Александар Трајановски е новата маска на старите, поразени политики

Sase Ivanovski

Димитров: Нашите транс сестри и браќа не се вашиот проблем. Едниот процент кој е вашиот проблем се богаташите кои ве цедат, тоа се корумпирани партии и алчни политичари

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: Денес доаѓаме со понуда до банките, Народната банка да го направи првиот чекор со намалување на надоместоците што ги плаќаат банките за користење на услугите во МИПС

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ ГИ ВИКНА БАНКАРИТЕ НА РАПОРТ: Tреба да се укинат надоместоците за користење на електронско и мобилно банкарство како и надоместоците за плаќања со платни налози во рамки на иста банка.

Sase Ivanovski

Села со критики кон власта: Законот за правична застапеност е нетранспарентен и не решава ништо

Sase Ivanovski

БРАВО: Гувернерот Славески побара банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите

Sase Ivanovski

Утре не излегувајте без потреба: Наместа температурата ќе надмине 40 степени

Sase Ivanovski

Мицкоски: Седум години неправдата стануваше навика, почнавме од темели кои беа пепел и прав

Sase Ivanovski

Божиновска: „Вардарска долина“ ќе се гради, а ХЕЦ Чебрен ќе стане реалност

Sase Ivanovski

НЕ СУМ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА МИЦКОСКИ Томас Вајц тврди дека неговиот извештај за Македонија е објективен

Sase Ivanovski

Од 5 јули ќе биде пуштен во употреба системот „Уан стоп шоп“ со Србија

Sase Ivanovski

Градинките во Центар летово ќе примаат деца до 10 години

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ: ВИКТОРИЈА ЛОБА

Sase Ivanovski

Ова е предавство, кој и да е, мора да одговара – Виткоф за протекувањето на информации за нападите на САД врз Иран

Sase Ivanovski

Бугарија нема да прифати замена за тешко постигнатиот европски компромис за Македонија: Радев до европските челници

Sase Ivanovski

МП: СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните

Sase Ivanovski

Азир Алиу: Успешна реализација на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти на Детска клиника, наша цел е сите клиники да бидат инфраструктурно и технолошки вака опремени и со добар кадар

Sase Ivanovski

ОД ТОЈ ШТО Е ВНАТРЕ СЕ ОЧЕКУВА ДА МУ ПОМОГНЕ НА ТОЈ ШТО Е НАДВОР Сиљановска Давкова имала пријатна средба со бугарскиот премиер Жељазков

Sase Ivanovski

ИРАН ЈА ПРЕКИНУВА СОРАБОТКАТА СО НУКЛЕАРНОТО НАДЗОРНО ТЕЛО НА ОН „Тие го отворија патот за нападите од Израел“

Sase Ivanovski

ЛУЃЕВО ПОШТЕНО СИ ЈА ЗАРАБОТУВААТ ПЛАТАТА – АДВОКАТИТЕ НА ОСУДЕНИТЕ УБИЈЦИ ЌЕ СЕ ЖАЛАТ ПРЕД АПЕЛАЦИЈА За Страшевски судењето е циркус, Манев не видел ниеден доказ, а Ефремов бара олеснителни околности за Кешишев

Sase Ivanovski

Здравствените придобивки од лозовиот лист се многубројни, бидејќи во себе содржи витамин Ц, Е, А, К и Б6, ниацин, железо, растителни влакна, рибофлавин, фолна киселина, калциум, магнезиум!

Sase Ivanovski

ЕУ ВИДЕ КОЛКУ СЕ ЛИЦЕМЕРНИ НЕКОИ ПОЛИТИЧАРИ КОН МАКЕДОНИЈА Мицкоски вели дека излезе на површина „руската политика“ на Бугарија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста

Sase Ivanovski

ФЛЕКСИБИЛЕН SUV ПОГОДЕН ЗА СЕМЕЈСТВА СО МНОГУ БАГАЖ „Опел фронтера“ изобилува со простор

Sase Ivanovski

САД БЕА ПРЕЦИЗНИ ВО ХИРОШИМА, ТАКА ЗАВРШИ ВОЈНАТА Трамп го спореди нападот врз Иран со фрлањето на атомските бомби

Sase Ivanovski

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе го зголемиме производството и потрошувачката

Sase Ivanovski

Герасимовски: 100 деца до 10 години згрижени во градинките во Центар, излегуваме во пресрет на родителите во летниот период

Sase Ivanovski

„НЕМАЛО НИ ДА ИМА ГРАБНУВАЊЕ БЕЗ ИНФОРМАЦИЈАТА ДЕКА ВАЊА САМА ЌЕ ОДИ НА УЧИЛИШТЕ“ Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски

Sase Ivanovski

Исфахан погоден со ракети „Томахавк“, а не со бустер бомби, штети врз објектите на земја, најголем дел од центрифугите „недопрени“ – американски разузнувачи за операцијата на САД врз Иран

Sase Ivanovski

Нова инвестициска можност – Платформата Глеј почна со продажбата на акции

Sase Ivanovski

ТОЛКУ НИ Е СИЛАТА, ПРОДОЛЖУВААТ СРЕДБИТЕ ОД НОГА НА НАШИ ДРЖАВНИЦИ СО АМЕРИКАНСКИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА РАЗНИ САМИТИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА: ИМАВ МНОГУ ПРИЈАТЕН РАЗГОВОР СО БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР, МОРАМЕ ДА СЕ ПОЧИТУВАМЕ И ДА ГИ БИРАМЕ ЗБОРОВИТЕ

Sase Ivanovski
Вчитувам....