18.8 C
Скопје
06/05/2025 19:25
МАКТЕЛ

     

Дваесет години посветени на безбедноста: Дирекцијата за радијациона сигурност одбележува значаен јубилеј

      

Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Северна Македонија прослави 20 години од своето основање, период во кој успешно ја исполнува својата клучна улога во заштитата на здравјето на граѓаните и на животната средина од опасностите од радијација. Улогата на Дирекцијата и резултатите кои ги има постигнато досега се од суштинско значење за безбедноста на државата и регионалната стабилност. На прославата на јубилејот присуствуваше заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Зоран Бајовски во своето обраќање се задржа на професионална посветеност на сите вработени во регулаторното тело да ја реализираат нејзината мисија.

„Дваесет години се само почетокот на нашата мисија – да ја чуваме безбедноста на луѓето и на животната средина. Горди сме на резултатите што ги постигнавме и свесни сме дека пред нас стојат нови предизвици, но благодарение на посветениот тим и поддршката од меѓународната заедница, нашата институција е подготвена да одговориме на тие предизвици со знаење, стручност и одговорност. Овој јубилеј е одлична можност да се изрази благодарност за сите оние кои во изминатите години работеа во Дирекцијата, која изгради цврста основа на професионализам, транспарентност и соработка. Нејзината работа се заснова на научни принципи и меѓународно усогласени добри практики, со цел да се осигура дека употребата на јонизирачко зрачење се спроведува под строги контроли и безбедносни мерки. Таа е едно од регулаторните тела кои се во срцето на националната безбедносна инфраструктура, и така ќе остане и во следните години “, рече директорот Дирекцијата за радијациона сигурност Зоран Бајовски.

   

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски во обраќањето рече дека јавните здравствени установи, во кои се вршат дијагностички снимања на пациентите со мамограф, компјутерска томографија, магнетна резонанца, или пак акцелератори, работат согласно пропишаните стандарди на Дирекцијата за радијациона сигурност и Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност. „Здравствениот сектор континуирано соработува со Дирекцијата, особено во делот на јавните здравствени установи кои во својата област вршат дејност со извори на јонизирачко зрачење. Безбедноста на пациентите и заштитата на јавното здравје е наш врвен приоритет, особено во овој сегмент, и токму затоа и во рамки на Институтот за јавно здравје функционира посебно одделение за радијациона заштита, кое врши мониторинг во оваа сфера. Продолжуваме и во иднина со заеднички заложби и со меґуинституционална соработка да делуваме, со единствена цел заштита на пациентите и јавното здравје, како и заштита на животната средина“, рече заменик министерот за здравство Јовица Андовски.

Основана во 2005 година како независен национален регулаторен орган, Дирекцијата ја презеде клучната улога на контрола, надзор и лиценцирање на сите активности поврзани со јонизирачко зрачење, вклучувајќи медицински, индустриски, образовни и истражувачки апликации. Со својата дејност, институцијата обезбедува регулаторна рамка што ги следи највисоките меѓународни стандарди за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност. Дирекцијата разви силна институционална рамка и експертски капацитети, воспостави Национален регистар на извори на јонизирачко зрачење, води инспекциски надзор и активно учествува во меѓународната соработка, вклучувајќи и соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), каде што Македонија е активна членка од 1994 година. Со техничка и финансиска поддршка од МААЕ, Дирекцијата работи и на модернизација на националниот регистар, односно транзиција од постоечкиот софтвер RAIS 3.3 кон напредната платформа RAIS+, која нуди зголемени можности за управување со податоци и поддршка на регулаторните активности. Новиот систем ќе овозможи попрецизна контрола, поефикасна анализа на ризици и подобрено управување со информации поврзани со извори на јонизирачко зрачење.

Покрај техничките унапредувања, Дирекцијата се вклучува во низа меѓународни програми и иницијативи предводени од МААЕ, Европската комисија и сродни регулаторни институции од регионот. Преку обуки, стручни мисии и менторски програми, се обезбедува постојан професионален развој на вработените и се јакне националниот регулаторен капацитет на институцијата во согласност со најдобрите меѓународни практики. Еден од најзначајните аспекти на работата на Дирекцијата е постојаното следење и надзор на радијационото опкружување, како и спроведувањето на строгите стандарди за радијационата сигурност и безбедност во сите области на медицината, индустријата и научните истражувања. Дирекцијата спроведува редовни инспекциски надзори кај сите носители на одобренија и дозволи за работа со извори на јонизирачко зрачење, со што се обезбедува постојана контрола на усогласеноста со прописите и примената на мерките за заштита. Над 1.500 лиценци и дозволи се издадени досега, со фокус на медицински институции, индустриски објекти и образовни институции. Во просек се издаваат околу 120 дозволи за вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење на годишно ниво. На годишно ниво се спроведуваат околу 200 инспекциски надзори.

Како признат партнер во меѓународните напори за безбедно користење на нуклеарната технологија, Дирекцијата досега има поднесено пет национални извештаи според Заедничката конвенција за сигурност при управување со искористено нуклеарно гориво и сигурност при управување со радиоактивен отпад, и  шест Национални извештаи според Конвенцијата за нуклеарна безбедност, во кои се дава преглед на националната политика во однос на нуклеарните активности. Како надлежен орган за системот ECURIE – механизам на Европската комисија за рана размена на информации при радиолошки инциденти – уште од 2011 година активно учествува во соработката и заедничките вежби со земјите членки, со цел навремено информирање и заштита на населението во случај на радиолошки вонредни настани. Во рамки на своето стратешко планирање, последната ревизија за периодот 2025–2027 година ги поставува како клучни приоритети: зајакнување на системите за радијациона и нуклеарна сигурност, како и унапредување на управувањето со радиоактивен отпад. За реализација на овие цели, Дирекцијата иницираше и конкретни институционални чекори. По нејзин предлог, Владата донесе одлука за назначување оператор за идниот национален склад за радиоактивен отпад, како и усвојување на Национална политика за управување со отпадот уште во 2019 година. Со изменувања и дополнувања на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност во 2024 година се предвиде Институтот за јавно здравје како оператор на Националниот склад Во наредната фаза следува лоцирање и воспоставување на самиот склад, процес што ќе бара континуирана институционална поддршка. Во следните години, Дирекцијата за радијациона сигурност ќе продолжи со имплементацијата на новите стандарди за радијациона сигурност и безбедност и ќе ги подобрува своите капацитети за мониторинг и контрола. Во фокусот ќе бидат и понатамошните напори за адаптација на новите технологии, како и спроведување на стратегиите за справување со радиоактивен отпад, што е глобален предизвик кој бара меѓународна соработка и стратешко планирање.

  

Најново

Герасимовски: Во четврток ја отвораме новата градинка Пролет, прва по 50 години

Sase Ivanovski

Општина Куманово – Ден на македонскиот литературен јазик

Sase Ivanovski

Средба на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со претставници на Конрад Аденауер Фондацијата

Sase Ivanovski

Средба на генералната секретарка на Собранието Димовска, со г. Павел Усватов, директор на Програмата за владеење на правото за Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер

Sase Ivanovski

Изјава од претседателката Сиљановска-Давкова за одржаната Свечена академија по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

(ФОТО) Началникот на Генералштабот на Армијата на Меѓународниот саем DEFEA 25 во Грција

Sase Ivanovski

Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Sase Ivanovski

Безживотно тело пронајдено на Бит Пазар

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Расчистени девет тешки кражби во Битола, од слобода лишени три лица

Sase Ivanovski

Министерот Муртезани по преземањето на претседавањето со ЕУСАИР: „Ќе градиме не само патишта, туку и мостови на разбирање и солидарност“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче да се огради од наркодилерот Андон Стојков, ако не се фрла сомнеж дека стои зад него

Sase Ivanovski

Koстадиновски од Букурешт: Силата на аргументите ја прават одлуката на Судот авторитетна

Sase Ivanovski

Јовчевска-Михајловска: Верувам во капацитетот на нашите ученици и сум убедена дека можат да ја положат матурата без проблем – со сопствено знаење, труд и искрен пристап

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Три нови инвестиции во зоната во Штип со повеќе од 1000 нови вработувања, Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, на средба со граѓани во Илинден: „На локалните избори носиме нова енергија и одговорност!“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски

Sase Ivanovski

Шукова: Цените постојано растат, а нашите граѓани имаат најниски плати во регионот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија

Sase Ivanovski

Стојаноски: На 1200 локации до крајот на оваа година ќе се гради во рамки на јавниот повик за финасирање на инфраструктурни проекти од Владата предводена ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, на средба со граѓаните во Велес: „Локалната власт мора да биде сервис, а не господар на граѓаните“

Sase Ivanovski

Формирана Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Струмица: Демократијата во партиите е предуслов за демократско општество

Sase Ivanovski

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

Sase Ivanovski

Трипуновски: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни

Sase Ivanovski

Заврши средбата Мицкоски – Таравари без договор. До крајот на месецов ќе сме дознаеле си оди ли или не Таравари од Владата

Sase Ivanovski

Израелски министер повика на „изгладнување до смрт“ на Палестинците во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Федерален апелациски суд го отфрли барањето на Трамп за одземање на статусот на илјадници мигранти

Sase Ivanovski

Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите

Sase Ivanovski

Шојгу: НАТО и ЕУ се подготвуваат за директен воен конфликт со Русија

Sase Ivanovski

Холивуд запрепастен од најавата на Трамп за царини на филмови снимени во странство

Sase Ivanovski

Власта во Србија е против вонредни парламентарни избори, студентите добиваат поддршка од опозицијата за барањето за распуштање на Собранието

Sase Ivanovski

Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат во селото Облешево, незадоволни се од состојбата пред почетокот на сеидбената сезона

Sase Ivanovski

Еднократна финансиска помош за пензионерите од Гази Баба со пониски пензии

Sase Ivanovski

Јаневска: За да се задржат студентите, се подготвува нов закон за високо образование со модерни студиски програми

Sase Ivanovski

Хамас: Преговорите за прекин на огнот во Газа немаат смисла во оваа фаза

Sase Ivanovski

Израел одобри план за заземање на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Американците и Европејците веруваат дека Третата светска војна е близу

Sase Ivanovski

Четири Пулицерови награди за „Њујорк тајмс“, три за „Њујоркер“

Sase Ivanovski

Стојановски: Резултатите на локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни

Sase Ivanovski

Берлин ќе го поддржува Киев се додека е потребно, порача Шолц на крајот од својот мандат

Sase Ivanovski

Сојузниците го враќаат системот „Патриот“ повторно на маса за Киев

Sase Ivanovski

Кој е „романскиот Трамп“? Сака да земе делови од Молдавија и Украина, не ги сака Русите

Sase Ivanovski

Трифун Костовски: Дефектен плурализам

Sase Ivanovski

Сплиќани покажаа нечовечност кон жртвата Сашко. Го испратија со УАААА и свирежи

Sase Ivanovski

Русија ги нападна Одеса и Харков пред најавеното примирје од Путин

Sase Ivanovski

Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање

Sase Ivanovski

Осомничената антикорупционерка отфрлила и пријави за случајот „Адитив“

Sase Ivanovski

Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа

Sase Ivanovski

Шок во Бундестагот – Мерц не е избран за канцелар во првиот круг

Sase Ivanovski

Николоски: Преговараме со „Виз ер“ да ја отвори линијата Будимпешта – Охрид

Sase Ivanovski

Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски – прва жртва при распадот на Југославија

Sase Ivanovski

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

Sase Ivanovski

Обвинение за 59-годишник кој во Чаир изврши полов напад врз малолетник

Sase Ivanovski

Уапсен е Грк на „Табановце“, во возилото му е пронајдена марихуана

Sase Ivanovski

Нивото на водата на Охридското Езеро е 26 сантиметри под просекот за месец мај

Sase Ivanovski

Работна група на МОН, СОЗР и УКИМ: Ќе ги отстранува пречките за да продолжи изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС лицемерието на сцена, откако го покачија ДДВ на околу 1500 прехранбени производи, сега лијат крокодилски солзи за негово укинување

Sase Ivanovski

Кривична пријава поранешен директор на Здравствен дом Куманово за злоупотреба на службената должност и овластување

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода кумановец затоа што бил затекнат при обид да изврши кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Лишен од слобода државјанин на Република Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Средба на министерката Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Шимшек – Договорено интензивирање на соработка меѓу двете министерства

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕУСАИР Форум на Крит – Муртезани: „Преку соработка и поврзаност до заедничка европска иднина“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Над 1000 нови вработувања најавува премиерот Мицкоски, интензивирана соработката во областа на царината меѓу Македонија и Турција, поддршка за општините од источниот регион

Sase Ivanovski

Си Џинпинг: Кина и ЕУ се стратешки партнери

Sase Ivanovski

За 4,4 проценти поскапеле угостителските услуги на годишно ниво

Sase Ivanovski

Кардиналите пристигнаа во Ватикан пред утрешниот избор на нов папа

Sase Ivanovski

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа

Sase Ivanovski

Имаат скоро 80 пратеници и воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот, вели Мурати од Европскиот фронт

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Ќе биде ли доведен во прашање и легитимитетот на Вреди?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Павле Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “На кавга со Иван“ – Владимир Божиновски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Мицковски на маса со Таравари, излезната врата од Илинденска се отвара?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 степени: Зошто сè уште не се применува Законот за македонски јазик

Sase Ivanovski

Сообраќајот тековно и без застои

Sase Ivanovski

АКО СЕ ОВА ЦЕНИТЕ ВО ПРЕДСЕЗОНА, ШТО ЌЕ БИДЕ ВО СЕЗОНА? Хрватите удрија со цените

Sase Ivanovski

СИСТЕМИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА ВО ОБЈЕКТИТЕ: Еве како можат да помогнат во случај на пожар

Sase Ivanovski
Вчитувам....