Едниот од обвинетите извадил пиштол и пукал кон жртвите, при што таткото починал од здобиените огнострелни повреди, додека синот преживеал со тешки телесни повреди. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против двајца браќа, на возраст од 23 и 31 година, кои се товарат за убиство и за обид за убиство на подмолен начин. Според обвинението, на 1 ноември 2024 година, во Арачиново, тие со умисла пукале кон татко и син со кои претходно се договориле да се сретнат заради долг од 7.000 евра.
Едниот од обвинетите извадил пиштол и пукал кон жртвите, при што таткото починал од здобиените огнострелни повреди, додека синот преживеал со тешки телесни повреди. Обвинителството достави и предлог до Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети, наведувајќи дека сè уште постојат законски основи за нивно задржување. Извор: Новинска агенција МЕТА