Македонци загинале во несреќа во Италија, пишуваат италијанските медиуми. Две лица од Македонија вчера загинале во сообраќајна несреќа во близина на Боскалто ди Лореџа, на северот на земјата. Се работи за Бајрам Бајрамоски (53) од селото Жировница и Фуат Етемоски (65).
Според медиумите, тие се враќале по напорен работен ден и оделе кон нивниот дом во областа Тревизо, а само неколку километри пред да пристигнат, нивното комбе директно се судрило со камион. Во возилото се наоѓале тројца патници, двајца Македонци и Босанец, кој е повреден, но ја преживеал несреќата.