Во стравичната сообраќајна несреќа која го крена на нозе Кичево за жал е со трагични последици Несреќата се случила на сама кривина кај месноста викана „Сеферов бунар“ на магистрален пат А2, Кичево-Гостивар, учесници биле три возила, едно со странски регистарски додека другите со македонски национални ознаки.
– Според извори на терен три жртви се трагично загинати, додека осум лица се тешко повредени меѓу кои и деца се префрлени на клиники во Скопје и Охрид, објави порталот porta.mk. Неофицијално загинатите се жители на држава во странство, додека едната жртва е државјанин со место на живеење во Македонија. МВР потврди дека загинале три лица Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид загинале три лица.
-Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а шест лица се пренесуваат во болницата во Кичево. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид за ТВ21.