„На 20.09.2023 во 19.15 часот на улица „ЈНА” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од Тетово, а во 22.40 часот го лишиле од слобода и Б.А.(18) од тетовско Селце. Двајцата се сомничат дека околу 18.30 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски” во Гостивар на 58-годишен гостиварец му одзеле пари и побегнале“, информираат од МВР.
По преземени мерки, малолетникот набрзо бил фатен, а подоцна и Б.А.. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.