Пентагон планира да испрати два авиона со мигранти во заливот Гвантанамо викендов, како чекор во плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја искористи базата за да се спротивстави на илегалната имиграција. Како што пишува Политико, повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана деталите околу ова се уште се разработувале.
Американската војска досега oрганизирала осум летови – вклучувајќи четири за Гватемала, три за Хондурас и еден за Еквадор – сите со воени авиони. Но, ова е првпат мигранти да се упатат кон базата во Куба, што претставува уникатен сет на правни и логистички предизвици. Трамп во средата издаде извршна наредба со која му наложува на Пентагон и Министерството за внатрешна безбедност да ја користат базата за мигранти. Официјални лица од одбраната оттогаш се обидуваат да смислат план како во базата да сместат околу 30.000 луѓе, многу повеќе од 780-те затвореници кои останаа таму за време на екот на војната против тероризмот.