Во Белград утрово се одбележува втората годишнина од масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што на 3 мај 2023 година, ученикот од седмо одделение Коста Кецмановиќ уби деветмина соученици и обезбедувачот во училиштето.
Членови на семејствата на убиените и голем број граѓани положуваат цвеќе, палат свеќи и пишуваат во книгата на сеќавање, а оддавањето почит на жртвите започна со едноминутен молк пред местото на злосторството во 8:40 часот наутро. Во тоа време, сите српски медиуми ја запреа програмата и ги затемнија екраните.