Во силното невреме што зафати голем дел од Франција, загинаа две, а најмалку 17 лица се повредени, соопштија од француската служба за цивилна заштита.
Според изјавата на Александар Жуасар, заменик на оперативниот центар, една личност е тешко повредена, а останатите поминале со полесни повреди, најчесто предизвикани од паѓање дрвја или локални поплави, пренесе телевизијата BFM.Дванаесетгодишно момче почина во градот Пикекос, кога врз него падна дрво додека со семејството го напушташе подрачјето погодено од бурата, пишува BFM.
Во департманот Мајен, маж кој возел мотоцикл загинал кога дрво паднало на патот, потврди извор близок до истрагата.Енергетската компанија „Енедис“ информираше дека околу 100.000 домаќинства останале без електрична енергија, особено во областите Оверњ, Бургундија и Лимузен, каде што екипи на терен работат на отстранување на последиците.
Поради невремето, дошло и до застој во железничкиот сообраќај, а метеоролошкиот институт „Кераунос“ извести дека бил забележан редок атмосферски феномен наречен „деречо“ – долготрајна бура со силни ветрови, која се протегала низ појас долг околу 700 километри.„Деречо“ претставува голема серија на силни грмежи и налети на ветер кои надминуваат 90 км/ч, а само во текот на оваа бура биле регистрирани речиси 17.000 удари на гром, соопшти „Кераунос“.Во регионот на Париз биле пријавени бројни оштетени возила и паднати дрвја, а властите ги повикаа граѓаните на претпазливост, бидејќи постои ризик од нови непогоди.