Повторно сме сведоци на евтини и очајнички напади од страна на Левица,
која со својата токсична реторика, без никаква визија и идеи, се обидува
да оцрни сè што не може да достигне.Наместо да понуди конкретни решенија за граѓаните, Левица продолжува да
клевети и да шири дезинформации за градоначалникот Максим Димитриевски и
Движењето ЗНАМ – политичка сила која секојдневно ја добива довербата на
народот преку реална, чесна и одговорна работа на терен.
Левица, партија заглавена во ретрограден култ кон тоталитаризам и
политичка безначајност, партија која со години е заглавена во идеолошка
магла и политичка безначајност, водена и воодушевена од политичката
мисија и визија на Енвер Хоџа, уште живее во илузии од минати векови.
Наместо да гледаат кон иднината, тие се инспирираат од најмрачните
страници на балканската историја.
И не може да се помири со фактот дека Движењето ЗНАМ стана автентичен
глас на граѓаните.И затоа не напаѓаат. Но залудно.
Народот препознава кој работи, кој носи резултати и кој е вистински со
него.Да бидеме прецизни:
🔹 Средствата од унгарскиот кредит се доделуваат по транспарентна, јасна
и законска процедура, преку јавен повик спроведен од надлежните
институции.
🔹 Во првата фаза од тој повик, Општина Куманово доби средства за
реализација на три проекти, избрани како приоритетни од самите граѓани
на општината.
Овие средства се добиени поради докажан капацитет и успешна реализација
на капитални инвестиции, а не поради каква било политичка привилегија
или „награда“ и тоа за три капитални проекти кои се во напредна или
завршна фаза:
1.Индустриска зона Новини – Речица
Изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализација, како и
внатрешни сообраќајници со осветлување. Проект кој отвора простор за
странски инвестиции и нови работни места за локалното население.
2.Улица Бајрам Шабани – атмосферска канализација
Проект кој конечно решава децениски проблем на жителите. Работите се 80%
завршени, соочени со непредвидени услови на терен, но инвестицијата е во
завршна фаза.
3.Гасификација – улица Видое Смилевски Бато
Изградба на секундарна гасоводна мрежа до село Доброшане – решение кое
носи поевтина енергија и економски развој во мини индустриската зона.
Се чека согласност од ЈПДП и СВР Куманово, бидејќи трасата минува по
регионален пат.
🔹 Втората фаза од јавниот повик сè уште не е завршена, ниту се објавени
конечните суми и проекти за сите општини.
Оттука, тврдењето дека „Куманово добило најмногу“ е лажна и тенденциозна
конструкција – типичен пример за политичка манипулација од страна на
Левица.
Да бидеме јасни:
Движењето ЗНАМ работи и делува институционално, испорачува одговорно и
исклучиво за интересите на граѓаните.
Ние сме гласот на чесноста, независноста и конкретната работа.
Левица нема програма, нема поддршка, нема визија.
Па затоа единствено што знаат е – да напаѓаат и клеветат.
Но Македонија има потреба од работа, не од идеолошки драмолетки.
Затоа Движењето ЗНАМ останува на страната на граѓаните со чиста совест,
со реални проекти и со чесна кауза – Македонија каква што ја
заслужуваме!Центар за комуникации и аналитика