Четириесет и шестгодишен дебранец заработи кривична пријава поради „узурпација на недвижности”.
На катастарска парцела во државна сопственост, во атарот на дебарското село Татар Елевци, тој неовластено поставил ограда во должина од 360 метри, изградил објект од дрво и поставил дрвени пчелни сандаци.