Девојче на возраст од девет години од Гостивар е тешко повредено вчера попладне, кога со автомобил го прегазил 66-годишен возач од селото Чегране, соопшти полицијата.
„На 02.06.2025 во 18:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Боге Белјаноски“ во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(66) од с.Чегране, гостиварско, удрило во 9-годишно дете од Гостивар. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во градот. Увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар“, велат од МВР.