„Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе се уништува секое парче земја,“ порачуваат жителите на Волково. Поради неодговорноста на политичките чинители, Волково – некогаш една од најперспективните населби – денес се соочува со урбан хаос, запоставеност и животни услови кои стануваат сè потешки. Последиците ги чувствуваат не само жителите, туку и околните туристички места кои се погодени од несоодветната инфраструктура. Доколку проблемот не се реши, иницијативата најавува радикални мерки: протести, граѓанска непослушност, како и покренување постапки за кривична одговорност против сите кои свесно го игнорираат овој проблем, се вели во соопштението од иницијативата „спас за Волково“.
Девет месеци не им е асвалтирана главната улица, жителите на Волково бараат итно санирање
Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста и надлежните институции за катастрофалната состојба на главната улица во населбата, која веќе подолг временски период претставува извор на секојдневни проблеми, материјални штети и небезбедност. Иницијативата бара итно асфалтирање на улицата и директно ги повикува Општина Ѓорче Петров, Градот Скопје, Министерството за надворешни работи, пратениците во Собранието, како и советниците во Градот и Општината, веднаш да преземат конкретни мерки. – Улицата беше раскопана пред повеќе од 9 месеци, но сè уште не е асфалтирана – со што граѓаните со право прашуваат: зошто се брзаше со раскопување, доколку не беа обезбедени услови за нејзино целосно завршување?
– Advertisements –