Скоро 5 милијарди евра изнесуваат девизните резерви, соопшти Народна банка. Девизните резерви на крајот на февруари 2025 година изнесувале 4.86 милијарди евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (76,2 отсто), по што следуваат монетарното злато (12,5 отсто) и валутите и депозитите (11,3 отсто). Во февруари, банката соопшти дека девизните резерви се на историски максимум.