Дваесет и четиригодишна девојка била нападната од поранешниот партнер на Бит Пазар.
„На 08.06.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер, триесет и тригодишниот Б.М..“, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.