18.8 C
Скопје
21/05/2025 14:19
МАКТЕЛ

     

Делегација на хрватскиот Уставен суд во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија

      

Делегација на Уставниот суд на Република Хрватска е во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија. По повеќе од 20 години, двата уставни суда ја обновуваат соработката преку организирање на заеднички активности и настани. Делегацијата на хрватскиот Уставен суд оствари работна средба со претседателот д-р Дарко Костадиновски, по што се организираше средба со сите судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. На средбата претседателот Костадиновски  ја потенцираше заедничката волја за обновување и интензивирање на соработката во наредниот период. „Двата уставни суда во 60 годишната уставна традиција се соочувале со слични предизвици, имале слични надлежности, но и големи разлики, што значи имаме многу за што да дискутираме. Постојат норми и решенија во хрватскиот закон за Уставен суд, во поглед на критериумите за избор на уставен судија, потоа за начинот на кој е избран судијата, нешто за што и јас лично се залагам, а особено е драгоцено да се слушне вашето искуство, рече Костадиновски.

Во рамки на посетата се одржа панел-дискусија на која се разменија ставови на повеќе теми поврзани со надлежностите и улогата на уставните судови. Во фокусот на дискусијата беа темите: извршување на одлуките на Уставниот суд, механизми за следење на извршувањето на одлуките на Судот, механизми за постапување во случај на неизвршување на одлука на Уставниот суд. Во дискусијата се вклучија сите судии, споделувајќи ги своите размислувања. Претседателот на Уставниот суд Костадиновски, стави акцент на неизвршувањето на одлуките од страна на конкретни институции и механизмите на Судот за следење и нивно спроведување. „Нашиот нов Акт претставува едно револуционерно решение, се надевам ќе овозможи доследно следење и почитување на одлуките на Уставниот суд. Многу ќе бидам среќен ако го слушнам вашето искуство за две норми, што јас кај нас ги нарекувам “мртви норми”. Станува збор за можноста Судот да го определи начинот на отстранување на последиците од примената на поединечниот акт со кој правата или слободите биле повредени и второ Уставниот суд да го определи рокот и начинот на извршување на одлуките. Јас досега немам видено таква одлука, иако се важни алатки за извршување на одлуките, изјави претседателот Дарко Костадиновски. .

   

Уставниот судија проф. д-р Осман Кадриу истакна: „Морам да ви напоменам дека од 1991 година до сега сме имале одлуки за заштита на слободи и права, но не може да се тврди дека сите не се спроведуваат. Кога станува збор за човековите права, кај нас има идеи, има и размислувања од Уставниот суд, а настојуваме да имаме поддршка и од другите власти, освен парламентарната власт, да се прошири листата за човековите слободи и права и да се воведе познатото уставно средство т.н. „уставна тужба” или како што некаде се нарекува „уставна жалба”.  Судијата проф. д-р  Ана Павловска-Данева го отвори прашањето на одговорноста при неспроедувањето на одлуките на Уставниот суд од страна на државните органи. „Основна надлежност на Уставниот суд во Република Северна Македонија е апстрактната контрола, за разлика од Уставниот суд во Хрватска ние одлучуваме и за законитоста на подзаконските акти, што во Хрватска е делумно надлежност на управното судство. Ние имаме речиси одлична легислатива во поглед на извршувањето на судските одлуки. Од една страна тоа се механизмите што ги содржат Уставот и нашиот Акт, а од друга страна тоа се одредбите од Кривичниот законик според кои секој кривично одговара за неизвршување на судските одлуки вклучително и на одлуките на Уставниот суд. Тажната судбина не само кај нас, туку и во регионот е што и најдобрите закони, често не се имплементираат од страна на надлежните органи како Собранието, Владата, градоначалниците, управните одбори итн, пред се’, заради ниското ниво на политичка одговорност. Не е најважно тоа што никој до сега кривично не одговарал за неспроведување на одлука на Уставен суд, туку што не постои доволно цврста политичка волја за нивно доследно почитување.  Би било добро да се слушне и сподели хрватското искуство за спроведување на одлуките од апстрактната контрола на уставноста на законите, изјави судијата Данева.

Судијата проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска ја отвори темата за укинување на законски одредби или измени на закони и импликациите по донесување на такви одлуки. „Me интерсира што ќе направиме кога Уставниот суд  укинува норми со кои се изменува и дополнува одредена норма или закон. Некогашните сфаќања се дека ако се укине норма со која се изменува и дополнува некој закон, тогаш во сила е старата норма. Но, поновата уставно-правна теорија кај нас е  на стојалиште дека ако се укине норма со која се изменува и дополнува норма, тогаш веќе немаме норма. Така ние во изминатиот период ги укинавме нормите од измените на Законот за облигационите односи, но Законодавецот не донесе нова норма, а, судиите од редовните судови не можат да се повикаат дека немаме норми, тие судат, носат одлуки базирани на старите, а укинати норми. Вчера имавме седница и укинавме два члена од измени на Изборниот законик и прашањето е што доколку Парламентот не донесе нова норма, бидејќи старата нема да може да се примени, па што ќе прави ДИК? Политичката волја за спроведувањето на одлуките е прашањето кое треба се постави,последиците од не спроведувањето можат да бидат многу различни…

Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева се осврна на прашањето за можноста Уставниот суд да поништува или оценува пресуди донесени од редовното судство, особено во постапките што се водат по уставни тужби за заштита на индивидуални човекови права и слободи. Во своето излагање, таа нагласи: „Вашето искуство како Уставен суд на Република Хрватска е од особено значење кога се разгледува прашањето за извршувањето на одлуките на уставните судови, особено во случаи на повреда на човековите права и слободи. Во Република Северна Македонија, Уставниот суд може да донесе само декларативна одлука со која ќе утврди повреда на некое уставно право, но не следи никаква реституција, ниту надомест или компензација за таа повреда, бидејќи не постои уставна или законска можност за укинување или поништување на судски одлуки. Моето убедување е дека ваквата форма на правна заштита не претставува ефективна уставно-судска заштита. Имајќи го предвид вашето долгогодишно искуство, сметам дека е од голема корист за нашиот Уставен суд – особено во процесот на градење внатрешен институционален консензус, да се слушне како хрватскиот Уставен суд постапува во случаи кога е утврдена повреда на човекови права и слободи од страна на редовните судови. Дали во такви ситуации ги поништувате и/или укинувате судските одлуки? Кои механизми ги применувате за да се обезбеди ефективност на вашите одлуки и вистинска заштита на уставно загарантираните права?“

Судијата Добрила Кацарска го аргументираше ставот за неможност за поништување на пресуди од редовното судство од страна на Уставниот суд. „Би поставила конкретно прашање дали доколку некоја пресуда е потврдена од сите инстанци и тоа од Апелациониот суд и Врховниот суд,  дали вие имате искуство да ги поништувате тие одлуки? Да разјаснам, едно е да се утврди повреда во еден дел и да се врати назад на одлучување таа одлука, а друга работа е да се поништи.  Ова прашање го поставувам од причина што имам 34 години судиски стаж и за мене е нелогично како пресуда која е потврдена од пет судии на Апелационен суд, па исто толку и од Врховниот суд на крај да може Уставниот суд да ја поништи.Ова прашање за мене е многу важно бидејќи јас имам различен став од најголемиот дел од колегите. Во поглед на извршувањето, дека во Република Северна Македонија досега немаме сретнато случај да се поднесе известување до Јавното обвинителство, ќе појаснам и дека никогаш досега Уставниот суд не се обратил до Обвинителството. И конечно, Уставниот суд пред да се обрати пред Јавното обвинителство треба прво да донесе решение, со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена, ќе го извести надлежното јавно обвинителство како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот. Тоа е многу важно да се разграничи. Не одговара Собранието, бидејќи ние во нашите одлуки немаме задолжение за него да ја спроведе одлуката.

Судијата м-р Фатмир Скендер ја отвори темата за оценување на законските прописи и нормите од исто хоризонтално рамниште, изјави судијата Кацарска. Судијата м-р Фатмир Скендер го постави прашањето за спроведување на закони и законски прописи кај кои постои хоризонтален судир.  „Би се надоврзал на нашите колеги, во однос на тоа какво е искуството кога постои хоризонтален судир на законите и законските прописи? Имајќи ја во предвид ситуацијата во Македонија, кај нас одредено прашање е регулирано со два или повеќе закони, меѓутоа на различен начин, реализирањето на одредено правно прашање за спроведување на одреден закон е непосредно врзано со друг закон. При спроведување на законите во таква ситуација доаѓа до арбитрерно постапување на истите на секој орган, на пример едни го спроведуваат на еден начин законот,  други органи на друг начин и тоа ја доведува во прашање правната сигурност како едно од основните уставни начела. Имајќи го предвид нашиот Устав, јасно е дека како Уставен суд немаме надлежности да оценуваме уставност во хоризонтална смисла, односно на судир на два или повеќе закони, рече судијата Скендер..

Судијата Насер Ајдари во текот на дискусијата се фокусираше на темата за одлучувањето на Уставниот суд за пресуди на редовното судство. „Ние сме имале случаи во нашата пракса кога се барало поништување на пресуди од редовното судство, меѓутоа тоа не е нешто што се воспоставило како уставно-судска пракса. Иако моето мислење на оваа тема е јасно, јас сметам дека по стариот Деловник Уставниот суд имаше можност да поништува пресуди од судството, а сега со новиот Акт таква можност не постои. Претходно, јас сум бил поборник за да може Судот да ги поништува пресудите со оглед на тежината на повредите на слободите и правата на граѓаните кои се обратиле до Уставниот суд, изјави судијата Ајдари.  Претседателот на Уставниот суд на Република Хрватска во своето излагање ја презентираше надлежноста на Судот и разнообразната пракса на конкретни теми.  „Кај нас сите се должни да ги спроведат одлуките на Уставниот суд на Хрватска, од локални до централни власти. Нашите главни надлежности се во апстрактната контрола. Ние може да укинеме закон, не можеме да поништиме и може да одредеме рок во кој Законодавецот треба да донесе закон. Кај нас генерално може да се заклучи дека немаме проблем со извршување на законите, има исклучоци но тоа се ретки случаи. Ние имаме можност за користење еден механизам наречен „налог” на Собранието да ги уреди превентивните и едукациските мерки во конкретни закони. Во однос на поништувањето на пресуди од редовното судство, јасна е нашата надлежнсот, ние не можеме да ги поништуваме судските одлуки,  може да ги укинеме, и да изразиме став за неуставност. Некогаш само утврдуваме повреди и воопшто не укинуваме и се случува и самите ние како Уставен суд да одредиме надоместок. Ние во таква ситуација оценуваме да се исплати со дополнителна штета пред редовните судови. Kaj нас, како наша надлежност е судењето во разумен рок, и ние сме последна инстанца, или тоа може да се стори со механизмот на уставна тужба, кажа претседателот Шепаровиќ. По одржувањето на дискусијата, двете делегации ќе се сретнат со претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.

   

Најново

Андоновска: Предизвикот со загадувањето е сложен но не и нерешлив, благодарејќи на заедничката акција со државата

Sase Ivanovski

ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ НА ИНВЕСТИТОР ВО ГФК ТИКВЕШ

Sase Ivanovski

Во рамки на проектот за донација на 2000 водомери, обезбедени од страна на Министерството за животна средина, а со Општина Кавадарци како официјален нарачател, денес започна теренската реализација

Sase Ivanovski

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „ТОШО ВЕЛКОВ ПЕПЕТО“ – КАВАДАРЦИ

Sase Ivanovski

Наградени најуспешните жени менаџерки за 2025 година во Кавадарци

Sase Ivanovski

Јаневска: градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЈАНЧЕВ Е СПРЕМЕН ДА ВЛЕЗЕ ВО ОГАН Градоначалникот на Кавадарци на подарок доби лична противпожарна опрема

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти?

Sase Ivanovski

Пожарникарите од Кавадарци го одбележаа денот на пожарникарството 20 – ти мај.

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

Sase Ivanovski

Јанчев: Во тек се работни активности за реконструкција на фекална канализација од страна на ЈП Комуналец на улица ,,12 Другари” со вкупна должина од 150 метри

Sase Ivanovski

Нови кучиња влезени во стационарот кои треба да поминат низ хуманиот третман. Заловени се 4 кучиња на следниве локации: Базен- Кавадарци, Кружен тек – Далпер, Градски парк и Портокал – трафика. Сите 4 кученца се заловени во Општина Кавадарци

Sase Ivanovski

Јанчев: 20 Мај – Ден на пожарникарите: Херојството не познава граници!

Sase Ivanovski

Мицкоски: До јуни очекувам да се заврши со изградба на шест базени, тоа што го ветуваме го исполнуваме

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола во Тетово, пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација, лишени од слобода шест лица

Sase Ivanovski

Министерот Бесар Дурмиши на Сараевскиот бизнис форум 2025: Регионот има потреба од меѓусебно поврзани економии и предвидливи политики

Sase Ivanovski

ЗАПЛЕНЕТИ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, АВТОДЕЛОВИ, ВЕТЕРИНАРНИ ЛЕКОВИ, ДЕВИЗИ, ОБЛЕКА, ПРОИЗВОДИ ЗА СЦЕНСКИ ЕФЕКТИ И ДРУГО

Sase Ivanovski

Лидерот на Алијансата за Албанците – АА, Арбен Таравари, се сретна со премиерот на Република Албанија и претседател на Социјалистичката партија, г. Еди Рама, за да му ја честита победата на изборите одржани на 11 мај

Sase Ivanovski

Македонска Опера и Балет: Последни 50 билети за операта „Мадам Батерфлај“!

Sase Ivanovski

Герасимовски: 15.000 денари на студенти за практикантство во Општина Центар

Sase Ivanovski

ОО СДСМ СТРУМИЦА: ВЛАДАТА ИМА ПАРИ ЗА ПАПАЈА, НЕМА ЗА СТРУМИЧКИТЕ ДЕЧИЊА!!

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ Е НАЈТРАНСПАРЕНТНОТО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – На 22 мај ќе се потпише стратешкиот договор со Обединетото Кралство, земјата бележи и економски раст поттикнат од инфраструктурни проекти и зголемена потрошувачка

Sase Ivanovski

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Секое дете заслужува пристојни услови за образование!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Средба на министерот Тошковски со казакстанскиот амбасадор, Н.Е. Сатибалди Буршаков

Sase Ivanovski

Марковска Илиевска: Арсовска помина цел мандат во изговори заради нејзината неспособност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нов медицински факултет во Штип и изградба на студентски дом со најмалку 200 легла се дел од договорот со Велика Британија

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Пробиштип затоа што управувал возило по дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Стојановски: Сите колеги советници да го поддржиме ребалансот на буџетот со тоа што би ги зголемиле платите на вработените во градот Скопје и на противпожарната бригада

Sase Ivanovski

Објавена „Орфејска градина“ од Јован Стрезовски

Sase Ivanovski

Пашоли на состанок на претседатели на Комисиите за надворешни работи на земјите членки на ЦЕИ во Белград

Sase Ivanovski

Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал

Sase Ivanovski

СДСМ: Синдикалната кошничка поскапува-народот осиромашува а власта не презема ништо!

Sase Ivanovski

ЦИКП Соопштение: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач од струшко затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто Мицкоски одбива да каже дека нема да се примаат мигранти?

Sase Ivanovski

КОЈ И КАКО ЈА ПРЕСМЕТУВА СТРУЈАТА? БАРАМЕ ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ЕВН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче заедно со Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: 1500 прехранбени производи поскапеа поради зголемувањето на ДДВ во време на владеењето на СДС

Sase Ivanovski

Герасимовски: Воведуваме училишни униформи со јасна порака – сите деца се еднакви и заедно можат повеќе

Sase Ivanovski

Фетаи: АА останува во Влада – од 50 функционери, само тројца поднеле оставка

Sase Ivanovski

Кина ги повика САД да се откажат од развојот на глобален противракетен систем

Sase Ivanovski

24 Анализа – Колку британски заем е фискално одржлив?

Sase Ivanovski

Тема на денот со Илија Димовски

Sase Ivanovski

ЖИВОТОТ НЕ БИЛ НЕЖЕН СО ЏО БАЈДЕН

Sase Ivanovski

Се апсат нови членови од групата „Беланоца-Барон“, полицијата врши претреси низ Скопје

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај на патот Штип-Кочани

Sase Ivanovski

Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Путин во посета на Курск за прв пат по целосното ослободување на регионот

Sase Ivanovski

Москва го кани Ким Џонг-ун во посета

Sase Ivanovski

ХРТ со репортажа: Мистична Македонија

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРКАТА ГИ ОТКРИВА ДЕТАЛИТЕ ЗА БРИТАНСКИОТ ДОГОВОР: Вакви поволни услови досега сме немале!

Sase Ivanovski

Мециновиќ: Дали намерно се колабира ЕСМ за нов бонбона-бизнис?

Sase Ivanovski

Одговори на новинарски прашања на претседателот Венко Филипче

Sase Ivanovski

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како досега е неприфатливо

Sase Ivanovski

Бујаре Абази го напушти Таравари и е назначена за претседател на Комисијата за хартии од вредност

Sase Ivanovski

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп во целосен прекин поради сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение против Полјак кој им помагал на Русите да подготват атентат на Зеленски

Sase Ivanovski

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија од каде за пари се продаваат молитви во тегли

Sase Ivanovski

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

Sase Ivanovski

Скопјанец пронајден починат во неговиот дом во Центар

Sase Ivanovski

Четворица средношколци нападнале жена вработена во училиште во Центар

Sase Ivanovski

Ако во минатото имавме договори кои за нас значеа понижување, денес имаме договори кои значат гордост, вели Митева

Sase Ivanovski

ИЛЈАДНИЦИ УЧЕСНИЦИ НА ВОДНО – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“ ПОКАЖА ДЕКА СПОРТОТ ОБЕДИНУВА

Sase Ivanovski

Новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан ќе положи заклетва на 26 мај

Sase Ivanovski

„АЛКАЛОИД“ СО ЈУБИЛЕЈНА ПЛАКЕТА ОД ЦРВЕН КРСТ

Sase Ivanovski

Советот на етика ја отфрли жалбата на градоначалничката Арсовска против Ирена Мулачка и „Фокус“

Sase Ivanovski

Повреден мотоциклист на булевар во Скопје, се судри со автомобил

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да ја чуваме Македонија не само на мапа, туку во срцето

Sase Ivanovski

Захарова: Зеленски и Западот се обидоа да ги попречат преговорите

Sase Ivanovski

Стефан Лазаров доделува стан во Ченто и автомобил, како благодарност за заедницата која го поддржувала!

Sase Ivanovski

Прес-конференција на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ СО НОВИ ПРАВИЛА: ДИРЕКТОРСКА ФУНКЦИЈА БЕЗ ПРИВИЛЕГИИ

Sase Ivanovski

Жаре: Историски викенд! Три вечери. Три преполни арени. Над 20.000 луѓе!

Sase Ivanovski

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Sase Ivanovski

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

Sase Ivanovski

Азир Алиу ќе го замени Таравари во Владата: „Нема ништо официјално“

Sase Ivanovski

Стефан Лазаров доделува стан во Ченто и автомобил, како благодарност за заедницата која го поддржувала!

Sase Ivanovski
Вчитувам....