Од ЈП Водовод и Канализација информираа дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Тафталиџе и населбата Нерези од 09:00 часот до завршување со активностите, општина Карпош.
Поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.„Васил Чакаларов“ бб (Митрополит Теодосиј Гологанов), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Тафталиџе и населба Нерези до 09:00 часот до завршување со активностите, во општина Карпош. Поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул. „Иван Козаров“ бр 51, без вода ќе останат корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Боте Ботевски“, „Дичо Петров“, „Божидар Аџија“, како и дел од ул. „Георги Димитров“ и дел од ул. „Вера Јоциќ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, во општина Кисела Вода.