Поради санација на дефект на водоводна мрежа, без вода денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во општина Чаир, вклучително и Гинеколошко-акушерската болница „Чаир“.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Неџат Аголи“, „Коста Абрашевиќ“ и „Кримска“. Прекинот ќе започне од 9 часот и ќе трае се до санирање на дефектот на водоводна мрежа, на крстосницата помеѓу улиците „Неџат Аголи“ и „Коста Абрашевиќ“.