– Вработените ќе плаќаат иста цена за паркирање како досега, а Министерството за здравство нема да сноси никаков финансиски трошок, изјави Алиу.
Во моментот, на просторот на Клиничкиот центар постојат околу 700 легални паркинг-места, но дневно таму се паркираат над 2.000 возила, што доведува до хаотична ситуација и небезбедно паркирање по тротоари и тревници.
– Оваа состојба мора да се искорени. Со новото решение дел од притисокот ќе се намали, а истовремено ќе се работи на трајно системско решение – истакна министерот.Соработката со „Лимак“ се гледа како чекор напред кон подобрување на условите околу една од најфреквентните здравствени установи во земјава, додека се бара долгорочно решение за паркинг-проблемот во здравствениот комплекс.