Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека следната недела во земјава ќе бидат вратени петмина пациенти и по тријажата што ќе им биде направена ќе се утврди дали ќе бидат задржани во некоја од болниците во Скопје или ќе бидат испратени на домашно лекување. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во пожарот во импровизираната кочанска дискотека. Муцунски најави дека прво ќе се вратат оние кое се во добра здравствена состојба. „Најавите се дека во текот на следната недела ќе почнат да се враќаат првите пациенти. Овие информации ги добиваме преку директна комуникација со местата каде што се сместени и од таму добиваме потврда дека нивната здравствена состојба е доволно добра за да може да се вратат“, изјави министерот Муцунски на денешната прес-конференција. Според него, вкупно 116 пациенти со повреди во пожарот во Кочани се лекуваат во странски болници во 14 европски земји. Трошоците за нивното лекување се покриени од државите домаќини, додека патувањето и сместувањето на нивните најблиски и трошоците за целата логистика за нивниот престој во странство го презема Македонија.
Најново
(ВИДЕО) Клековски: Се намалува бројот на критични пациенти, но нема опуштање зашто почнува ризикот од инфекции
(ВИДЕО) Публиката во Вадуц во 59. минута скандираше „Кочани, Кочани“ во чест на жртвите во трагедијата
(ВИДЕО) Д-р Никола Шиков, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување вели дека повредените лица што се третираат во „Аџибадем Систина“ ја добиваат најдобрата грижа на ниво на светските болници
Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки
(ВИДЕО) Прес-конференција на портпаролот на Влада Митева, дир. на ФЗОМ Клековски и дир. на СОЗР Томовски
(ВИДЕО) Кочани, скршеното срце на Македонија: Стефановски, Димитров, Станков и Калајџиев гости во Стадион
Инспекции во околу 100 угостителски објекти во Аеродром, ќе се проверуваат и зградите, училиштата и градинките
Подобрена состојбата по штрајкот во Факом, јануарската плата легна на сметките, исплатен и ланскиот К-15
Муцунски: Искрена благодарност за солидарноста, отвореноста и подготвеноста да помогнат во овие исклучително тешки моменти
Муцунски: 116 македонски пациенти се лекуваат во 14 европски држави, од кои 38 преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ
Ивана Хаџиванова (психолог): Никој не треба да се носи со ваква загуба или траума сам, поддршката е клучна!
Лишени од слобода две одговорни лица во угостителски објекти – пуштале музика и не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост
ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТА ДОНИРАА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ „Само заедно можеме да ги надминеме предизвиците“
АНАЛИЗА: Трговска “војна“ на светските економски сили, последиците нема да ја заобиколат ниту Македонија
Српска пејачка: Кога требаше да настапуваме во Пулс и кога ќе дојдевме пред дескотеката мислевме дека сме ја погрешиле адресата
Во Штип и вчера се оддаваше почит на трагично загинатите во Кочани – Голем број граѓани со транспаренти, цвеќе, свеќи и балони излегоа на мирен собир
Претседателката ги прими медицинските тимови од Израел и Чешка, кои многу помогнаа со повредените од Кочани
После еднонеделната, проклето непосакувана и лудачки долга и безживотна пауза поради несфатливата трагедија која ја снајде Македонија, во понеделник 24 март на Канал 5 ТВ повторно: НА КАВГА СО ИВАН-гостин Арта Биљали Зендели
Вчитувам....